Погледнете ја целата емисија „Вечер со Тијана“ со Дејан Миличевиќ (ВИДЕО)

Човекот заслужен за револуцијата во Македонија, Србија, Албанија, Бугарија што се однесува до музичките спотови, фотографии, стајлинг, фешн и се заедно, Дејан Миличевиќ гостин во „Вечер со Тијана“. Во емисијата Тијана го најави и како Дејан Миличевски, секако се пошегува поради неговото често гостување и соработки во нашата земја. Миличевиќ во емисијата зборуваше на македонски иако откри дека веќе десетина години не е во Македонија.
Во емсијата Миличевиќ откри дека има се помалку време за себе, бидејќи е посветен професионално веќе 27 години. Напоредно работи спотови, фотографија и мода. А во последно време повеќе време е посветен на модниот свет.
Во интервјуто Дејан Миличевиќ открива зошто ја напушти Македонија, почетоците на наша територија, запознавањто со Тијана Дапчевиќ, кој беше првиот видео запис кој го режисираше Миличевиќ во Македонија и за која македонска ѕвезда и уште многу други одговори кои ќе ги најдете подолу во видеото.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.