skip to Main Content

Солзавец и повредени демонстранти и полицајци во Преспа (Фото + видео)

Солзавец и повредени демонстранти и полицајци во Преспа (Фото + видео)
  • 17.06.2018

Четворица демонстранти и 14 полицајци се повредени во протестите во Псарадес, грчкиот дел на Преспа, каде што денеска беше потпишан Договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на тридеценискиот спор за името. Една жена е тешко повредена.

Демонстрантите се обиделе да го пробијат полицискиот кордон напаѓајќи ги полицајците со камења и различни предмети, а тие возвратиле во солзавец. Патот од Лерин до Псарадес е затворен.

Тензиите започнаа кога поголема група демонстранти се собрала пред полициските пунктови поставени во рибарското село и се обиделе да ги пробијати да стигнат до местото каде се потпишуваше Договорот. Според медиумите во Грција лекарска помош побарале и деца кои вдишале солзавец.

Од градовите во Северна Грција и од Солун утринава тргнаа околу 80 автобуси со демонстранти кои маршира со ипровизирани бесилка, транспаренти против владата и со пароли на кои пишуваше „Македонија е Грчка“, со грчки и црни знамиња.

Back To Top