skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Брима: Македонците пооптимисти во светски рамки за меѓународните политики на САД, Русија, Кина и ЕУ
Спираки: Официјалното име на соседната земја е Северна Македонија, дискусијата за таблите е од мало значење
СДСМ и ДУИ бараат консензуален претседателски кандидат
За олеснување на трговијата и транспортот 26,2 милиони евра од Светска банка
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Пешевски: Ќосето е бранител од 2001 година и не може да биде терорист

Пешевски: Ќосето е бранител од 2001 година и не може да биде терорист
  • 11.02.2019

Горанчо Ангеловски не е виновен за ништо. Тој со живот го бранеше уставниот поредок на Македонија во 2001 година и никако не може да биде терорист, рече адвокатот Драган Пешевски во дел од своите завршни зборови на денешното рочиште за случувањата од 27 април 2017 година во Собранието.

Пешевски тврдеше дека целта на обвинетите не била да го спречат изборот на нов претседател на Собранието туку влегле внатре кога слушнале дека во парламентот се пее албанската химна.

Нинослав Јакимовски адвокат на обвинетиот Игор Југ рече дека обвинителството обвинува паушално и дека нема директни докази дека Југ во Собранието носел пиштол, делел маски и дека се среќавал со други од обвинетите за договорат убиство на тогашните пратеници Зоран Заев, Зијадин Села и Дамјан Манчевски.

По барање на дел од одбраната денешното рочиште беше прекинато. По амнестијата на дел од обвинетите во случајот 27 април судска одлука чекаат 17 обвинети.

Искра Опетческа

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top