skip to Main Content

„Печат на неделата“: Претседателските избори, ден потоа, три дена однапред

„Печат на неделата“: Претседателските избори, ден потоа, три дена однапред
  • 01.05.2019

Гости во емисијата „Печат на неделата“ со Сашо Орданоски, беа Ване Цветанов од невладината „Зелена лупа“, Александар Диневски аналитичар и Џељо Хоџиќ, активист во невладиниот сектор, кои разговараа на темата „Претседателските избори, ден потоа, три дена однапред“.

„Деновиве разговарав со струмичани кои што велат до сите граѓани во Македонија – ви го дадовме најдобриот човек од Македонија, поддржете го и учете од него“, изјави на почетокот од разговорот Цветанов. Според него, претстојниот втор круг од претседателските избори е историски и клучен според многу параметри.

„Овие се најважните избори во историјата на Северна Македонија. Бевме во длабока политичка криза со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Имавме режим, па политичка криза и поминавме фази каде ште сме пред НАТО…., но ако гледаме од геополитички аспект – Македонија мора да влезе во НАТО. Владата цела енергија ја фокусираше на надворешно пилитички план. Ги реши проблемите со соседите, но фактот е дека сме пред портите во НАТО и веќе документот се ратификуваат во парламентите на земјите членки на оваа организација. Ние влегуваме во НАТО и со тоа ќе биде бетонирана границата на Македонија, печат за тапијата што ја добивме во ОН како јазик и народ. Ова не им одговорара на одредени сили од повеќе држави и се случува мобилизација како да се спречи влезот. Овие избори се последниот удар. Се прават спинови, наводно навивачи да гласаат против Пендаровски. Поентата е, ако не дај Боже, победи Сиљановска ќе се бараат предвремени избори, ќе сакаат да го поништат договорот од Преспа, но на тој начин ќе ја закопаат и уништат правдата во државава. Цинизмот е поголем што нивното мото е „правда“, а токму тие се главните уривачи на правдата, рече Цветанов.

Според Александар Диневски, сите избори се значајни во Македонија, но смета дека нема да дојде до драматични пресврти.

„На ВМРО – ДПМНЕ целта и е реставрација на режимот на Груевски. Груевизмот се уште не е деинституционализиран, бидејќи институцијата претседател на државата се уште е под негова контрола. Во оваа партија има радикали кои инкринираат кон Руската федерација. Сепак, целата фиклозофија на Сиљановска се сведува на една работа – враќање во поранешната состојба. Со нејзиниот избор би се вратил периодот пред 2015 кога започна уривањето на Груевски. Хипокриизија е Сиљановска да промовира право, а во минатото ниту еднаш не го дигна гласот против режимот на Груевски. За жал таа се претвори во адвокат на фамилијата, смета Диневски.

За Хоџиќ, Груевски цело време работел ние да не влеземе во ЕУ и НАТО, иако цело време говорел дека патот на државата е во тој правец.

„Ние заборавеаме дека излегуваме од една голема општествена криза. Можеби не доволно брзо како што посакуваат граѓаните, но доколку не се успее на изборите, доаѓаме во ситуација да се вратиме во еден погрешен правец кој не е НАТО и ЕУ.

Целиот разговор погледнете го видеото:

Back To Top