skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Хан ја повика ЕУ да отвори преговори со Северна Македонија во најбрз можен рок
Могерини: Се надевам на позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија
Рама: Пендаровски е претседател со кој треба да се гордееш, Мета не тера да се чувствуваме засрамено
Од денеска нови регистарски таблички со NMK
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

„Печат на неделата“: Каков претседател и е потребен на Македонија?

„Печат на неделата“: Каков претседател и е потребен на Македонија?
  • 19.12.2018

Гости во емисијата „Печат на неделата“ со Сашо Ордановски, беа Тито Петковски претседател на НСДП, Имер Селмани политички аналитичар и Кристијан Фидановски политиколог. Гостите во студиото дадоа свое мислење во врска со тоа каков претседател и е потребен на Македонија, со оглед на фактот дека во пролет не очекуваат претседателски избори.

Според политикологот Фидановски, моментално сме во период кога довербата на граѓаните е опадната, а тоа дури се гледа и по паднатиот рејтинг на СЈО.

„Претседателските избори да се искористат за зголемување на довербата на граѓаните. Веројатно е потребно да се каже дека е потребно да се стави државата пред партијата“, рече Фидановски.

За Тито Петковски пак потребен е претседател со сите атрибути кои еден лидер на држава треба да ги има.

„Треба да разговараме каков претседател можеме да избереме. Да имаме развиено граѓанско цивилно општество, да имаме повисока политичка култура и чувство на припадност кон држава. Добро е да се избере надпартиски човек, кој ќе има доверба и кај политичките партии и кај граѓаните. За жал тешко може да се дојде до решение. Дали Албанците ќе гласаат за некој кој не ги претставува во целост нивните барања?

Имер Селмани вели дека до сега во сите циклуси Албанците во вториот круг се одлучуваат да поддржат некој од кандидатите, било тоа Глигоров, Трајковски, Црвенковски или Иванов.

„На прашањето каков претседател ни треба, јас велам секогаш има прв пат. Зошто да немаме прв пат нетипичен претседател. Тој стереотип дека двајцата кандидати се во тесен избор, ние за жал не сакам премногу да бидам критичен кон минатите претседатели, но добивме несоодветен претседател, кој по ниту еден параметар не е претседател на сите граѓани на Македонија, како што е примерот со Иванов“, рече во „Печат на неделата“, Имер Селмани.

Целиот разговор во кој и гледачите имаа можност да учествуваат со прашања и мислење за денешната тема во „Печат на неделата“ погледнете ја во видеото:

Back To Top