skip to Main Content

„Печат на неделата“: Каква администрација – таква држава

„Печат на неделата“: Каква администрација – таква држава
  • 17.04.2019

Зошто ниедна реформа на јавната администрација во последните 20 години не дава добри резултати. Гости на Сашо Орданоски во „Печат на неделата“ беа министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, професорот Борче Давитковски и политикологот Миша Поповиќ.

Министерот Манчевски на почетокот од дебатата зборуваше за неговата оценка за јавната адмнистрација и за сегментите кои би довеле до она што се нарекува клучни реформи во администрацијата.

-Во јавноста се фокусираме на законски и позаконски акти на она што е класичниот дел на администрацијата, а не на она што на граѓаните ќе им го смени впечатокот за админстрацијата или како ќе добијат подобри услуги. Затоа едното е стратегија за реформа на администрацијата и за тоа има акциски план и буџет. Другиот дел од работата е тоа што го работиме заедно со СИГМА и ЕУ тоа е реогранизација и оптимизација на институциите на системот. Крајот на овој процес ќе го видиме на крајот на 2019 година. Третиот сегмент кој не го препознава јавноста како клучен дел е дигитализацијата“, вели Манчевски.

Професорот Борче Давидковски вели дека нашата администрација не е подготвена, затоа што е прибежиште на политички припадници кои ништо не работат.

-Мислам дека имаме доста донесени закони и се доста хармонизирани со европското законодавство, но кај нас е примената на законите односно волјата на секоја власта дали сака онака како што е напишано во реалниот живот да се спроведуваат. Првата стратегија за реформа на јавна администрација била на Владата во 1999 година, потоа Владата во 2002 година, па од 2006-та три четири стратегии за реформи се носеја и еве сега новата Влада и таа има нова стратегија за реформа во јавната администрација. Нашата администрација не е спремна, туку е придбежиште на политички припадници кои што лепеле плакати и влегува во администрацијата да прима плата и да не работи.

Миша Поповиќ зборуваше за тоа колку невладиниот сектор бил вклучен во реформскиот процес.

-И невладиниот сектор има своја експертиза и сметам дека токму во овој сектор тоа што го додава како вредност покрај теоретското знаење се и истражувањата. Консултативниот процес сѐ уште зависи од личностите кои ги водат министерствата. Нашата организација беше вклучена во подготовката на стратегијата и беше во ред воден процес. Тоа што се забележува е дека некои министерства подобро ги вклучуваат невладините во реформискиот процес од други, рече Поповиќ.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top