skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Продолжува судењето за „Титаник“ на СЈО
Кандидатите за технички експерти на интервју во собраниската комисија за надзор на следењето комуникации
Димитров во Грац на дебата за Преспанскиот договор и евроинтергацијата
Павлопулос: Грција ја поддржува европерспективата на Северна Македонија, но потребно е да се исполнат предусловите
Неофит: Ќе направиме се за целосна радост на нашите македонски браќа
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Петмина судии посочени во Извештајот на Стејт Департментот

Петмина судии посочени во Извештајот на Стејт Департментот
  • 14.03.2019

Претседателот на Врховниот суд – Јово Вангеловски, поранешната членка на Судскиот совет, Александра Зафировска, судијката од Кривичен суд Сафије Лаличиќ, Светлана Костова од Вишиот управен суд, како и поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.

Ова се имињата на 5те судии кои според Извештајот на американскиот Стејт Департмент за човекови права, дозволиле политиката директно да се вмеша во судството.

Навдено е дека Вангеловски, споделувал клучни информации за активни случаи со политичарите, Зафировска, се консултирала со високи владини претставници за избор на политички лојални судии, дека Лаличиќ, ги следела наредбите на УБК, а Костова, истовремено работела и како судија и била вработена во УБК.

Се посочува извештајот според АКМИС-системот додека до Кривичниот суд раководел судијата Владимир Панчевски.

Стејт Департментот цитира делови од извештајот за овие судии што го поднесе СЈО уште во септември, а досега ништо не е преземено.

Претседателот на Судски Совет Караџоски денеска не беше расположен да коментира, кажа дека овој извештај ќе го презентирал пред колегите, па од понеделник ќе излегле со официјален став.

–  Ние имаме висока корупција. Корупција во високите ешалони на власта, во високите олигархиски ешалони, односно бизнисот и оние кои што дефакто контролираат. Го контролираат судството, ја контролираат работата на Владата, носат закони по мерка, мислам дека и тоа еднаш излезе во извештаите. Судовите се неефикасни или судат според барањата и потребите на елитите и на поединци.  Знаеме дека го имаме овој проблем со приватизација во судството или со луѓе влезени во судството под влијание на политиката или со врзување со политиката и требаше на тоа на време да изреагираме, вели Слагана Тасева од Транспаренси Интернешнл

Стејт Департментот ја истакнува политизацијата која останува присутна на ниво на јавната администрација и дека се наградуваат партиските членови.

– Секојдневно читаме и сме сведоци на партиски вработувања, а се говореше за тоа дека се бориме за одвојување на државата од партијата и на партизација на јавната администрација. За жал во истиот манир се однесува и оваа власт, кога станува збор за вработувањата и поради тоа не изненадува фактот дека нема доволно капацитети за да може да ги спроведе реформските процеси, вели Уранија Пировска од Хелсиншки Комитет.

На извештајот реагираа и партиите. Според ВМРО ДПМНЕ смешни биле обидите на заевизмот да се прикаже дека имало напредок во слободата на медиумите и судството. Од СДСМ пак велат дека Режимот на ВМРО-ДПМНЕ носел најнегативни извештаи на Стејт департментот. Реагираа и од Алијанса за Албанците – ова бил сериозен аларм за државата.

Од Владата пак велат дека охрабрувачки било тоа што извештајот нотирал дека, во 2018та, власта покажала повеќе почит кон независноста и непристрасноста на судството.

Лепа Џундева

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top