skip to Main Content

Перо Антиќ во „Лица”: Наместо да добијам милиони долари од њујоршката полиција, останав со нула

Перо Антиќ во „Лица”: Наместо да добијам милиони долари од њујоршката полиција, останав со нула
  • 22.04.2019

Првиот и единствен македонски „џин“ во НБА лигата, Перо Антиќ гостуваше во авторската емисија на уредничката Анета Кочишки „Лица“.  Антиќ, зборуваше за приватниот и професионалниот живот со фокус на неговите почетоци.

-Во „Работнички“ во мое време да се играше во помладите категории беше доживување. Кога на 16 години ме избраа во првиот тим мислев дека тука е врвот на кариерата. Со националниот тим, ме видоа некои тимови и има некоја среќа што ме прати. Има и многу таленти кои имале подобри физикалии, но немале луѓе да ги видат или презентираат, вели Антиќ.

Антиќ зборуваше и за својата кандидатура за претседателската функција на кошаркарската федерација.

-Предизвикот е да се врати кошарката каде што треба. Каде што Македонија заслужува. Тоа е секоја втора година да биде во европските првенства, во врвот на кошарката. Да пробаме македонски тим да има во некој од европските купови, нагласи Антиќ.

Интервјуто со Антиќ каде зборува за приватниот живот и сите професионални предизвици погледнете го во видеото.

Back To Top