skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Надлежности на претседателот на Републиката
Отворена телефонската линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право
Јонкер: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата
За победа во прв круг потребни над 900 илјади гласови
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Падот на гигантот АД Топлификација – тема во „Правда и неправда“

Падот на гигантот АД Топлификација – тема во „Правда и неправда“
  • 04.12.2018

Во „Правда и неправда“, за стечајот на АД Топлификација дебатираат директорот компанијата Димитар Хаџимишев и Ивица Стојановски, акционер и претседател на Надзорниот одбор.

Од економски гигант кој на почетокот на 90-тите прв ги изнесе акциите на берза, Топлификација падна во стечај и од 26 ноември нејзините акции не котираат на берзата.

-Основната причина е лажниот стечај што го направи АД ТЕ-ТО, со цел да се спречи спроведувањето на пресудата на Врховен суд, со што на Топлификација и е причинета штета со вредност на денешен датум од над 30 милиони евра, вели Хаџимишев и објаснува дека тоа е профитот кој Топлификација треба да го земе во наредните 50 години.

-Непосредниот повод е втор стечај кој главниот акционер на ТЕ-ТО го предлага за Топлификација, бидејќи компанијата на тој главен акционер на ТЕ-ТО му должи еден милион евра. Тие еден милион евра што Топлификација ги позајмува и ги дава како гаранција на ТЕ-ТО за неговите кредити и тие се практично наплатени за тоа што ТЕ-ТО не платил кога бил должен, додава Хаџимишев.

За акционерите ситуацијата е страшна – некој да ти отпише 30 милиони евра, што е 54% од активата на компанијата – тоа е нешто што не може да го опстои ниедна фирма во светот, вели Стојановски.

-Пет години водевме спор, акционерите идржаа и даваа поддршка, но не можат да направат ништо против криминал на кој му кумува судството, вели тој.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top