skip to Main Content

Официјално започна Струмичкиот карневал – Разговор во Студио 1

Официјално започна Струмичкиот карневал – Разговор во Студио 1
  • 06.03.2019

Денеска официјално започнува струмичкиот карневал. На оваа тема телефонски се вклучи претседателот на одборот на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов кој зборуваше за програмата.

-Во 12 часот на свечен начин градоначалникот го предаде клучот на градот на карневалистите. Ние од своја страна ветивме дека со отворено срце ќе ги пречекаме гостите и ветивме дека и годинава ќе приредиме незаборавно доживување за сите. Утре вечер имаме отворање на изложба на фотографии од минатогодишниот карневал и концерт под маски. Во петок пристигнуваат гостите од странство. Во хотелот Сириус ќе се одржи познатиот ВИП маскембал и ќе бидат избрани принцот и принцезата кои ќе го предводат дефилето во сабота навечер на меѓународната карневалска вечер, истакна Цицимов.

Во отвореното Студио 1 Јана Јосифовска и Влатко Чаловски потсетија и на вчерашното гостување на универзитетскиот професор Борче Давитковски кој зборуваше за најавата за шеснаесетото министерство на Владата и односите меѓу заедниците. Гостувањето на директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симоски, кој зборуваше за претстојниот попис кој треба да се изведе во 2020 година, како и на авторската емисија на уредничката Гордана Дувњак „Правда и неправда“ каде гостуваа Слободан Богоевски, почесен претседател на Комитетот за заштита на правата на жртвите и Тодор Пиперковски, лекар уапсен во случајот „Метастаза“. Тема на разговор беше дали е можно жртвите на монтирани судски процеси да добијат корекција на неправдата што ја претрпеле.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top