skip to Main Content

Отворено Студио 1 тема: Работата на Комисијата за заштита од дискриминација во случајот со претставката на Груевски

Отворено Студио 1 тема: Работата на Комисијата за заштита од дискриминација во случајот со претставката на Груевски
  • 21.11.2018

Една од темите на разговор во денешното Отворено Студио 1 беше и „Работата на Комисијата за заштита од дискриминација“, односно нејзината одлука да додели решение во кое се вели дека на поранешниот премиер Никола Груевски му боле прекршени правата во судскиот процес. Инаку овој документ доделен од државна институција е еден од клучните кој е алиби на Орбан за одлуката да додели политички азил. Гостин во студиото 1 на домаќините Ацо Кабранов и Борјан Јовановски беше Беким Кадриу, член на Комисијата кој има издвоено мислење од Комисијата за заштита од дискриминација.

Кадриу вели дека комисијата усвојува мислења, не се тоа решенија како управни акти или одлуки. Правно не се задолжителни, но сепак треба да имаат одреден авторитет и тежина поради тоа што комисијата треба да биде експертско тело или тело за еднаквост и мислењата кои ги носи дали има или нема дискриминација треба да имаат добри аргументи и во пракса да имаат одреден ефект. Во поголем дел, покрај другите надлежности, работиме по претставки. Начелото да се слушне другата странка, собирајќи други докази одлучуваме дали има или нема дискриминација. Имаме законски рок од 90 дена во кој треба да донесеме мислење од моментот на поднесување на преставката.

На прашањето на што се базираше преставката на Груевски, Кадриу со одговор дека како тело за еднаквост Комисијата за заштита од дискриминација е специјален орган кој има специјален мандат. Комисијата не утврдува само повреда на човековите права, туку дали при повредата на правата некое лице дикриминирано, односно претпрпело понеповолен третман. Во секој случај на дискриминација, односно за директната дискриминација како што станува збор во овој случај, мора да постои одредено друго лице кое е третирано добро, или пак жртвата на дискриминација во споредба со други лица е понеповолно третирана. Во случајот со Груевски, тој мораше да покаже понеповолен третман, што во случајов го нема.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Back To Top