skip to Main Content

Османи оптимист дека Македонија во јуни 2019 ќе ги почне преговорите за ЕУ

Османи оптимист дека Македонија во јуни 2019 ќе ги почне преговорите за ЕУ
  • 23.12.2018

Вицпепремерот за европски прашања Бујар Османи 2018 ќе ја памети како историска година. Во 2019 Османи очекува Македонија да ги стартува преговорите за членство во Еврипската унија. За вицепремиерот нема друга алтернатива за земјава освен ЕУ и НАТО. Османи го цитираше еврокомесарот Јоханес Хан, за кого Македонија е подготвена да го фати чекорот за 2025 година.

„Ние сме убедени дека Македонија има направено доволно и во политичката траекторија и во реформската, за да аргументира доволно дека ги исполнува условите да го започне овој процес. Ние не велиме дека Македонија е спрема утре да стане земја – членка, не. Ние сакаме да влеземе во процесот на преговори, бидејќи сметаме дека на тој начин најдобро се одржува динамиката, се одржува фокусот, се одржува концентрацијата“, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Очекувањата Османи ги поткрепува на реформите. Вели, планот 18 е 66% реализиран. Донесени се повеќе закони од безбедноста, правосудството, освен законот за совет на јавни обвинители. Но, Македонија веќе 10 месеци функционира без телото кое треба да се бори со корупцијата. Власта со нови дилеми како да формира Антикорупциска комисија, од каде всушност гонат корумпирани функционери.

„Тука имавме ситуација, да огласот за членови биде објавен според стариот закон, во меѓу време новиот закон се донесе на влада и се појави дилемата дали да се заврши огласот по стариот закон за да немаме ниту еден ден без ДКСК или да почекаме да се донесе законот потоа да се објави да се објави огласот. Меѓутоа, имајќи предвид колку траат огласите можеме да стигнеме до ситуација да не фатат претседателските избори, без државна изборна комисија.така што таа дилема уште не е разрешена, бидејќи се уште ги калкулираме деновите“, вели Османи.

Откако во Собрание ќе поминат уставните измени, Османи најавува дека до крајот на јануари во Службен весник ќе се објави и законот за употреба на јазиците, а потоа и договорот од Преспа, без да презира дали ќе има потпис од Иванов.

Игор Стефановски

Back To Top