skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева ќе сведочи пред Русковска во 10 часот во вторник
Јанева негира дека дала наредба за претрес на обвинителите
Обвинителот Рустеми сведочи во ОЈО
Стефанова за комуникацијата меѓу Јанева и Камчев: Не сум експерт за криминал
Скопје и Софија ја интензивираат соработката во одбраната
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Османи во Централниот Дневник на 1ТВ: Чепкањето во верските заедници е најопасното нешто во мултиетничките општества

Османи во Централниот Дневник на 1ТВ: Чепкањето во верските заедници е најопасното нешто во мултиетничките општества
  • 24.04.2019

Вицепремиерот Бујар Османи беше гостин во Централниот Дневник на 1ТВ каде зборуваше за случувањата во ИВЗ, но и повика за поголема излезност на вториот круг од претседателските избори.

Околу последните случувања во ИВЗ, Османи дециден дека кредибилитетот на верските заедници мора да се заштити.

„Конзистентен е ставот на ДУИ дека две институции се свети тоа се универзитетите и верските заедници. Тоа што вчера се случи е скандалозно и срамно, бидејќи судовите не може да одлучуваат кои ќе бидат поглавари во верските заедници. Констатиравме дека е нелегален упад, тука се вмешав и како вицепремиер за да не се наруши кредибилитетот на ИВЗ и доколку ние придонесеме да се наруши тој углед, тогаш секој може да ги киднапира емоциите на верниците. Ставот на ДУИ е дека мора да се заштити кредибилитетот на верските заедници“.

Откако од Алијансата на Села рекоа дека е очигледно дека Исламската верска заедница постојано е блиска со партијата која е на власт, Османи смета дека токму тоа е мешање на политиката во верските заедници, бидејќи ДУИ не коментира како делува ИВЗ, туку за уставно загарантираната автономија на верските заедници. Вицепремиерот смета дека тајмингот е симптоматичен, но и дека судот врз основа на фалсификувани печати донел одлука.

Во врска со информациите дека ДУИ не може да испорача резултати за Пендаровски, па со скандал се оправдува дека верниците се лути и апстинираат, Османи истакна дека се работи за спин, но и повика на внимателност.

„Тоа е лош спин затоа што оваа работа има име и презиме. Пробајте да најдете поврзаност. ДУИ беше вознемирен, бидејќи ги знаевме реперкусиите. Сметам дека чепкањето во верските заедници е најопасното нешто што може да се случи во мултиетнички општества. Да повикам на внимателност. ДУИ никогаш го нема тоа правено, свесни за ризикот и последиците кои може да се случат“.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Back To Top