skip to Main Content

Орбан „на тапет“ – Азилот на Груевски му отвори проблеми на домашна и меѓународна сцена

Орбан „на тапет“ – Азилот на Груевски му отвори проблеми на домашна и меѓународна сцена
  • 27.11.2018

Унгарската опозиција продолжува жестоко да го критикува премиерот Виктор Орбан. На последната собраниска седница резервирана за пратенички прашања, главна тема беше Никола Груевски и азилот кој го доби од Орбан. Опозицијата со сите расположиви средства го нападна унгарскиот премиер велејќи дека срамно е што земјата му одобрила азил на Груевски, но Орбан застана во негова одбрана. Унгарскиот премиер воедно ги демантираше информациите дека во Будимпешта веќе се сретнал со бегалецот Груевски.,

– Јас сум му е благодарен на поранешниот македонски премиер, за затворање на бегалската рута. Но Груевски е прогонуван на меѓународно ниво од Сорос. Македонија е место каде се случуваат, политички игри, а во овие игри, вмешано е и владеењето на правото. Инаку во овој момент немам време да дишам, а не пак да се сретнам со екс премиерот Груевски, вели унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Истакнатиот политички аналитичар од Унгарија, Петер Креко за ЕУ Обсервер пишува дека Орбан свесно се оддалечува од западот па затоа го одобри азилот на Груевски знаејќи какви реакции во ЕУ ќе предизвика оваа одлука. Според Креко, оваа одлука може да се свати и како додворување на важи играчи од истокот, особено Русија.

– Орбан одеднаш го овинува македонскиот судски систем за политизираност што е посебно иронично, кога во последните пет години Унгарија ниту еднаш не го критикувала македонското судство и не отфрлила ниту едно барање за екстрадиција од Македонија, околу 15 во последните години, пишува Креко.

Во меѓувреме Опозициската Демократска Коалиција во Унгарија го повика Државниот завод за ревизија да спроведе вонредна ревизија со која ќе се утврдат трошоците на Унгарија во помошта на Груевски да избега од Македонија. Според Золт Греци портпарол на коалицијата во бегството на поранешниот македонски премиер осуден на две годишна затворска казна, вклучени се најмалку 4 унгарски дипломати и две возила со унгарски дипломатски таблички.

Антонио Крстевски

Back To Top