skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Тренд на дезинформации со цел наведување на публиката кон погрешни заклучоци
Грчкиот остров Парос во обид да биде првиот остров без пластика
Кои пет градови се преполни со туристи?
Пронајдена порака во шише стара 50 години
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Општините не ги почитуваат препораките – продолжуваат градежните активности и покрај високото загадување

Општините не ги почитуваат препораките – продолжуваат градежните активности и покрај високото загадување
  • 21.01.2019

Скопските општини не ги почитуваат препораките на градската администрација. И покрај екстремното загадување дозволуваат на терен се уште да траат градежните активности. Камерата на 1ТВ регистрираше неколку случаи, каде во повеќе општини во Скопје продолжуваат градежни работи на објектите. Ова се коси со одлуката на администрацијата на Шилегов која реши да ги стопира градежните активности кои се под нивна надлежност, токму поради високото аерозагадување.

Во вчерашното гостување во централниот дневник на 1ТВ, портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиу изрази надеж дека останатите градоначалници ќе тргнат по стапките на градската администрација, но тоа се уште не се случи.

– Секако дека има соработка меѓу градоначалникот на град Скопје и другите градоначалници. Преку летото имавме неколку акции каде што со самите општини ги чистевме истите, успеавме да собереме голем куп на смет што е резултат на нечистењето со години на истите општини. Секако дека во овие денови тоа што е Комунална хигиена работи за град Скопје и ги чисти булеварите и затоа апелираме до сите градоначалници да го следат примерот на град Скопје, поинтензивно да работат на тоа што е нивна надлежност. Не само чистењето на улиците туку и градењето, изјави Салиу.

Но освен градските власти мерки за загадувањето донесе и Владата. Со нив се предвидува сите органи на државната управа, агенциите, фондовите, јавните претпријатија во државна сопственост и општините да ја намалат до 50 отсто употребата на службените возила. Се препорачува работодавците да ги ослободат од работа бремените жени, лицата постари од 60 години и лицата со хронична астма, прележан инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.

Антонио Крстевски

Back To Top