skip to Main Content

Од успешен бизнисмен до банкрот и потстанар – тема во „Правда и неправда“

Од успешен бизнисмен до банкрот и потстанар – тема во „Правда и неправда“
  • 28.05.2019

Во „Правда и неправда“, за својата животна сторија и за судирот со организираниот криминал раскажува познатиот бизнисмен од 80-тите, Благоја Ангеловски. Тој поминал вистинска голгота кога решил да почне свој бизнис, кој во 1989 му се чинел реален и доходовен.

Но наместо да ја пушти во работа фабриката за тетрапак сокови, тој ги изгубил бизнисот и домот. Денес сега живее под кирија и со минимална пензија и повеќе од 20 години се обидува да докаже дека е жртва на организиран криминал.

-Одлучив да направам производствен погон, решив да произведувам нешто што го немаше во Македонија – тетрапак природни сокови без конзерванси какви што увезувавме од Словенија и од Србија, раскажува Ангеловски и додава дека овошјето и зеленчукот му биле познати уште од самиот почеток на неговата трговска професија.

Погонот го изградил со лично негови средства, не само за објектот, туку и за увоз на опремата. Планирано било во првата фаза да произведува 5.000 литри сок за еден час или 40.000 литри само во една смена. Вработени биле од 6 до 8 луѓе и работел сам, по негова идеја, инвестиции и организација.

-Единствена грешка што ја направив кога решив да го градам објектот беше што мислев дека живеам и работам во држава во која владее правото и која функционира. Денес сфатив дека немаме ни „Д“ од држава, изјави Ангеловски.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top