skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Надлежности на претседателот на Републиката
Отворена телефонската линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право
Јонкер: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата
За победа во прв круг потребни над 900 илјади гласови
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Одлуката на Унгарија да не го екстрадира Груевски е политичка – Рената Дескоска гостин во „Правда и неправда“

Одлуката на Унгарија да не го екстрадира Груевски е политичка – Рената Дескоска гостин во „Правда и неправда“
  • 25.12.2018

Во процесот на реформи во судството улога имаат повеќе институции. Во делот на Министерството за правда направени се сериозни чекори за измена на законската регулатива која треба да овозможи независно и ефикасно судство, приближено до ЕУ стандардите, вели министерката за правда Рената Дескоска. Како што објаснува, промените се направени во секојдневна консултација со Венецијанската комисија, дел од законите се пофалени, а тие што биле критикувани биле донесени со компромис поради потребата од двотретинско мнозинство.

Според министерката, Судскиот совет ги кочи реформите кои Владата сака да ги спроведе. Таа ја критикуваше одлуката на Судскиот совет за надоместоците и оцени дека тоа е исто како да си рекле дека имаат вишок пари и си ги делат, а тоа е недозволиво бидејќи располагаат со буџетски пари.

-Наидувам на парадоксални ситуации во комуникацијата со Судскиуот совет и тоа ми покажува дека имаат отпор да се вклучат во реформите. Ако ние сме зацртале согласно стратегијата за реформи, согласно законите дека Судскиот совет треба да формира Информатичко аналитички центар во своите редови и ако наидувате на без смислени аргументи на претседателот на Судскиот совет и на некој начин создавање на алиби ситуации зошто да не се формира тој совет, си поставувам знак прашалник дали некој намерно ги кочи реформите, ние да не добиеме позитивна оценка дека ние навистина не сме го постигнале тоа што треба, истакна Дескоска.

Дескоска зборуваше и за така наречените „сваровски судии“, за кои рече дека ниту Владата ниту Министерството за правда немаат право да се мешаат во избор и разрешување на судии.

-Изврршната власт нема никакво право да се меша во именување и разрешување на судии, меѓутоа мора да создадеме законска основа ако членови на Судскиот свет не работат како што треба да бидат разрешени. Првпат се предвдува во законот за Судкиот совет процедура за одговорност на членови на судски совет, изјави Дескоска.

За амнестијата и дали се дискриминира одредена категорија со законот, Дескоска вели дека нема дискриминација бидејќи не се прави разлика меѓу различни лица кои спаѓаат во иста категорија, туку би постоела дискриминација доколку одредени категории би добиле некаква амнестија, а одредени не.

Во однос на Антикорупциската комисија истакна дека очекува до јануари да се заврши тој процес.

-Наша желба и цел е што побрзо да се донесе Законот за спречување на корупција. Ставаме одредби во законот кои ќе овозможат скратени рокови за да се избере Државна комиисија за спречување корупција во најскоро време, односоно во јануари да биде завршено, вели Дескоска.

Во „Правда и неправда“ со Гордана Дувњак, Дескоска се осврна и на иднината на СЈО.

-Најверојатно ќе одиме на спојување на одредбите од законот за СЈО во законот за ЈО. Значи во еден закон. Мојата идеја е дека треба да бидеме свесни зошто беше формирано СЈО, дека мора да предвидиме механизми, ако повторно се случи да имаме потреба од таква институција да имаме капацитента инситуција која ќе може да ја врши својата функција.

За екстрадиција на Груевски Дескоска вели дека не се во прашање правни аргументи, туку некои политички проценки.

-Ако се одлучува по право требаше да ни го дадат уште на првото барање, но аргументите и причните на носење на одлуките на странските власти се политички. Ние немаме начин како да влијаеме и да предизвикаме поинакво нивно однесување, рече Дескоска.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top