skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Католиците го слават Велигден
Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија
Охрид, Дебар и Ново Село избираат градоначалници
За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253
МВР подготвено да обезбеди достојна и безбедна изборна атмосфера
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Нотр Дам нѐ потсети на состојбата на македонското културно наследство – разговор во Студио 1

Нотр Дам нѐ потсети на состојбата на македонското културно наследство – разговор во Студио 1
  • 17.04.2019

Катастрофалниот пожар во Нотр Дам ги сплоти Французите, но и целиот свет одговори солидарно. И Северна Македонија понуди помош за реставрацијата, што пак го постави прашањето колку е безбедно нашето културно наследство и колку вложуваме за негова заштита.

-Кај нас имаме се помалку експерти во областа на заштитата. Тоа се должи на кадровските политики во културата кои долго време беа занемарени. Тоа што го имавме во 70-тите и 80-тите години, кога Македонија беше центар на конзерваторските тимови и кога се случи земјотресот во Котор, тимови од Републичкиот завод за заштита на споменици одеа таму да реставрираат. Толку беше вреднувана македонската конзерваторска школа. За жал, денес тие луѓе се или мртви или пензионирани и имаме многу малку компетентни конзерватори, вели Елеонора Петрова Митевска, директорка на Управата за заштита на културното наследство.

Според неа, Македонија има голем број византиски споменици од 11 и 12 век кои може да бидат пандан на Нотр Дам во Париз. Фрескоживописот во Св. Пантелејмон во Нерези има карактеристики кои го прават предвесник на ренесансата, потсетува таа.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top