skip to Main Content

Нотаријатот гарант на правната сигурност или соучесник во криминал? – тема во „Правда и неправда“

Нотаријатот гарант на правната сигурност или соучесник во криминал? – тема во „Правда и неправда“
  • 04.06.2019

Македонските нотари лани прославија 20 години од формирањето, а во мај годинава ги оддржаа традиционалните пролетни денови и ја објавија монографијата, ретроспектива за нивната досегашна работа.

Околу тоа колку оваа самостојна јавна служба ја оствари својата функција, за предизвиците со кои се соочуваат, зошто нотарите и извршителите имаат лош имиџ во државава и зошто нотарската професија се смета за една од најисплатливите, во „Правда и неправда“ зборуваат Олга Димовска и Насер Зибери, нотари од Скопје.

-И самите бројки ќе покажат дека нотарите одговорија на поставените задачи. Веќе 21 година, нотаријатот одговори успешно на сите надлежности. Основната работа, да се растовари судството, успеавме. Судовите се растоварија за неспорните работи. Кај нотарите се вршеа сите работи кои граѓаните мораа да ги завршуваат на еден или два шалтери во судовите. Сега се распоредија на многу повеќе места, вели Димовска.

Бидејќи се покажале како добри, во 2007-2008 се прошири надлежноста на нотарите и добија да ги работат неспорните оставински постапки, а во 2011 платните налози, додава таа.

-Тенденција во современите судски системи, во ЕУ, но и пошироко, е неспорните работи да бидат тргнати од судовите и со тоа да им се овозможи да се занимаваат поквалитетно и поефикасно со правораздавањето. Пренесувањето на овие надлежности од судовите кај нотарите, врз основа на анализите покажува дека прекршувања или евентуални злоупотреби од страна на нотарите во постапувањето се минимални. Тоа значи дека државата била во право кога им пренела дел од обврските на судовите. Нотарите ја оправдаа довербата на државата. Граѓанинот може да има целосна доверба кога ќе влезе во нотарска канцеларија, изјави Зибери.

Целата емисија „Правда и неправда“ можете да ја погледнете во видеото.

Back To Top