skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Нови преговори МПЦ-СПЦ – можност за конечен договор или тактизирање на српската црква? (Видео)

Нови преговори МПЦ-СПЦ – можност за конечен договор или тактизирање на српската црква? (Видео)
  • 16.05.2019

Се затоплуваат ли односите меѓу МПЦ и СПЦ? По подолго време, светиот архијерејски собор на СПЦ донел одлука да ги обнови преговорите за решавање на статусот на Македонската православна црква (МПЦ), пишува српска „Политика“.

Прашањето за МПЦ  во средата било единствената тема на состанокот на највисокото црковно тело во Србија, пишува весникот повикувајќи се на свои извори во СПЦ.

Новинарот Бранко Ѓорѓевски кој е добар познавач на проблемот меѓу двете цркви за 1ТВ ваквата одлука ја оценува како тактички потег на СПЦ да покаже пред другите цркви дека тие се за отворен дијалог, по најавите дека Вселенската патријаршија повторно ќе се активира за решавање на долгогодишниот спор и можноста да донесе позитивна одлука за автокефалноста на МПЦ.

Во однос на пишувањата на „Политика“ дека српската црква „не сакала да иницира обновување на дијалогот со Македонците додека бил во затвор архиепископот Јован Вранишковски“, Ѓорѓевски смета дека СПЦ веќе не може да го користи Вранишковски како аргумент за влошените односи меѓу двете цркви и камен на спомнување во преговорите.

Српскиот весник пишува дека Вранишковски е пуштен на слобода веќе од 2015 година и учествува и на овој, како и на неколку претходни заседанија со Соборот на СПЦ, заедно со владики од Православната охридска архиепископија, која е под закрило на српската црква.

Црковниот проблем меѓу Македонската и Српската Православна Црква трае речиси пет децении. Работните групи досега до договор беа најблиску под средбите во Калишта и во Ниш. Првиот можен договор го отфрли Синодот на СПЦ, а оној од Ниш, пред повеќе од десет години го отфрли Синодот на МПЦ. Дали сега се искрени намерите на српската црква за решавање за овој горлив проблем или претставува само тактизирање, како што оценуваат дел од аналитичарите, останува отворено прашање.

Јана Јосифоска

 

Back To Top