skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Грчки воени авиони почнаа да прелетуваат на небото над Македонија за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“
Заев: Ќе има политичка криза ако не добиеме датум за преговори
Бродот на мирот со порака за Договорот од Преспа пристигна на атинското пристаниште Пиреа
Китанов: Автопатот Миладиновци-Штип, според проектот, е готов
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Нови мерки на владата за отворање на работни места – разговор во Студио 1

Нови мерки на владата за отворање на работни места – разговор во Студио 1
  • 14.03.2019

Гостин во отвореното Студио 1 со Елена Милошевска и Антонио Крстевски беше Билјана Јовановска, директор на Агенцијата за вработување, која зборуваше за сите мерки и програми што ги нуди агенцијата.

-Самовработувањето е мерка која е многу атрактивна и оваа година интересот е многу голем, опфатот на лица е над 1000. Паричниот износ е 5000 евра по лице, па така две млади лица може да се здружат и да добијат 10,000 евра. Не станува збор за директна финансиска поддршка во пари туку во набавка на опрема која на лицата им е неопходна за да ја остварат дејноста што ја регистрираат, рече Јовановска.

Во однос на селекцијата вели дека се лоцираат оние бизниси кои би опстанале најдолго време.

-Интерес има кај сите мерки. Секое невработено лице се наоѓа во некоја мерка, оние за да основаат фирма аплицираат за самовработување, правните субјкети ги поддржуваме со субвенционирање на плати за тоа што ќе отворат работни места, нагласи Јовановска.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top