skip to Main Content

Нови имиња за претседателски кандидати, Самка Ибраимоски, сепак, нема да се кандидира (Видео)

Нови имиња за претседателски кандидати, Самка Ибраимоски, сепак, нема да се кандидира (Видео)
  • 26.02.2019

На огласот на СДСМ за претседател на државата досега се пријавиле четворица кандидати, потврдија од владејачката партија за 1ТВ. Тони Петровски, Божидар Ночев, Ѓорѓи Филипов и Игор Поп Трајков се имињата кои се најдоа на листата за самокандидирање на СДСМ. Сепак, крајниот избор ќе се прави на конгресот на 3 март, велат од владејачката партија. Заострените односи меѓу СДСМ и ДУИ според портпаролот Костадин Костадинов нема да влијаат во разговорите за заеднички прифатлив кандидат за претседател. Костадинов е оптимист дека може да се надминат разликите меѓу коалициските партнери.

Лидерот на ПЦЕР Самка Ибраимоски, пак, се премисли. Иако претходно најави дека ќе се кандидира за претседател, денеска информираше дека најверојатно неговата партија ќе го поддржи претседателскиот кандидат на СДСМ.

Ова значи дека Амди Бајрам останува единствениот кандидат од ромските партиите кој како и  Филип Петровски, почнаа со собирање потписи за на изборите напролет да се тркаат самостојно. Новина е и одлуката на генералот Димче Петровски да се кандидира и самостојно да се бори во трката за шеф на државата.

Од друга страна, Демократската Фракција на ВМРО ДПМНЕ денеска побара раководството на партијата да не ја финансира кампањата на Гордана Силјаноска.

Професорката Силјановска која веќе е во неформална кампања, со поддршка на ВМРО ДПМНЕ досега е единствен официјален кандидат за нов претседател.

Јана Јосифоска

Back To Top