skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Анагностопулу: Новите гранични премини се нови мостови на пријателство и соработка на Балканот
Соборот на СПЦ е за дијалог со МПЦ
Заев со честитка до Тамара: Одамна не сме биле олку горди
АЕК достави предлог и динамика за намалување на цените во роаминг со Грција
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Нова опција во македонската политика по американски терк – разговор со лидерот на Демократи Огненовски во Студио 1

Нова опција во македонската политика по американски терк – разговор со лидерот на Демократи Огненовски во Студио 1
  • 04.12.2018

Во отвореното Студио 1 гостин е Јорго Огненовски, повратник од Америка и лидер на новата партија Демократи, која се појавува како трета опција на двете главни политички сили во земјава.

Првпат дошол во земјава како инвеститор, на покана на екс премиерот Никола Груевски, за да отвори филмско студио, но брзо се разочарал дека тогашните политички структури работеле само за свој интерес.

Затоа, неговата цел е партијата Демократи е да биде народна и граѓанска, а не националистичка партија и затоа нешто што најмногу му пречи е што во Македонија се формираат партии по националност.

-Ние сме партија од центарот, против левите и против десните, тие одат во екстреми. Ние сакаме да креираме граѓанско општество каде што секој ги има истите права и одговорности, вели Огненовски.

Во вториот дел од Студио 1, новинарот Дејан Андоновиќ ги коментира најновите настани во регионот, односно премолчаниот напредок во Приштина кон формирање косовска армија, и покрај противењето на Белград, кој предупредува дека со тоа се прекршува резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

Целите разговори погледнете ги во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top