skip to Main Content

Николовска: Добро e што конечно има кој да врши надзор врз Судскиот совет

Николовска: Добро E што конечно има кој да врши надзор врз Судскиот совет
  • 10.06.2019

Тројца судии под лупа во судскиот совет за утврдување на нивна одговорност. Во највисокото судско тело кое именува, унапредува и разрешува судии ќе го оценуваат барањето за одговорност, па ќе формираат тричлена комисија која ќе расправа за евентуална одговорност на судиите. За состојбата во судството во Отвореното Студио 1 зборуваше Маргарита Цаца Николовска, претседател на Институтот за човекови права кој се занимава со мониторирање на Судскиот совет.

-Тој совет беше многу затворен и таа затвореност беше детектирана и од меѓународната јавност и беше укажувано дека треба да работат потранспарентно. Институтот за човекови права, доби грант и иако имавме отпор од страна на членовите на Судскиот совет во делот на монторирањето, потоа се прифати и сега транспарентноста е многу подобра од тоа што беше порано. Факт е дека има голема раздвиженост и се наведам дека овие предмети кои и претседателот на судскиот совет ги спомена, брзо ќе најдат разрешница, истакна Николовска.

Николовска додаде дека е чудно како за толку голем број судии од Врховниот суд нема постапка која треба да го види крајот и дека ваквото непостапување се надоврзува на недовербата која јавноста ја има во овие органи.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top