skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Не брзаме со одлуката за предвремени парламентарни избори, се консултираме со сите чинители – Манчевски во Студио 1

Не брзаме со одлуката за предвремени парламентарни избори, се консултираме со сите чинители – Манчевски во Студио 1
  • 22.01.2019

Министерот од Владата на СДСМ за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски во отвореното Студио 1 вели дека не постои судир во партијата околу претседателските избори и барањето на опозицијата за предвремени парламентарни.

-Цело време јавно зборувавме дека сакаме да истераме еден чист мандат без предвремени избори. Но за да не бидеме и како претходната власт, којашто не ги слушаше барањата и аргументите на опозицијата, особено во вакви моменти кога се случија уставните измени и кога сме на прагот на влез во НАТО и во ЕУ, вреди да се анализираат сите аспекти зошто е можеби подобро да бидат заедно со претседателските, секако веќе ќе имаме избори. Не брзаме во носењето на одлуката и нема географска поделеност. Има луѓе коишто сметаат дека треба и некои коишто сметаат дека не треба, но партијата не е оптоварена толку со тоа прашање. Ние ги гледаме пред сѐ партиските и анкети и сондажи и сме цврсто убедени дека на следните избори, какви и да се, ние ќе победиме, изјави Манчевски.

Според него, друго прашање се мотивите на опозицијата да бара избори кога анкетите покажуваат дека немаат шанса да ги добијат. Според него, целта на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и раководството на партијата е да се позиционираат во Собранието, да ги сменат актуелните пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и да се претстават како единствена опозиција.

-Ако сме одговорна власт, а се надевам дека сме, треба да ги земеме пред вид сите општествени чинители. Затоа не брзаме со одлуката. Ќе имаме Централен одбор најверојатно во петок, не е нужно и тогаш да се донесе одлуката, може да се пролонгира и уште некој ден, имаме време за тоа, но ги слушаме што велат и стопанските комори, коалициските партнери и граѓаните, нагласи Манчевски.

Тој додава дека е еден од тие што мислат дека е добро сега да има и предвремени парламентарни избори, но не и дека тоа е најважното прашање. Тоа според него е што мислат граѓаните и дали евентуалните предвремени парламентарни избори можат да доведат до закочување на темпото, пред сѐ во економијата.

Целиот разговор со министерот Манчевски погледнете го во видеото.

Back To Top