skip to Main Content

Необичната приказна на Тркаљанов во „Лица“: Развој на екстремните спортови за лицата со физичка попреченост

Необичната приказна на Тркаљанов во „Лица“: Развој на екстремните спортови за лицата со физичка попреченост
  • 27.05.2019

Гостин во емисијата „Лица“ беше Вангел Тркаљанов, лице со физичка попреченост, кој се бори против стереотипите и се залага за развој на екстремните спортови за лицата со попреченост во Македонија.

На само 21 година неговиот живот се менува од корен, кога во 2005 година добива дијагноза која целосно го менува неговиот животен тек.

„Јас не се навраќам често на тие моменти, не размислува дали животот би бил драстично поразличен. Се трудам да го живеам така како што можам во моментот и да го искористам до максимум. Тоа не подразбира непромислени ситуации. Тоа беше скок во прилично плиток базен од кој последиците се евидентни. Се случи во Бугарија. Дијагнозата беше прилично непријатна, да се слушне дека ќе останам во кревет или количка при што не би можел сам да се движам“, рече Тркаљанов кој истакна дека  голема поддршка добива како од семејството, така и од пријателите.

Тој не се сомнева во своите способности, но исто така открива дека статистиките потврдуваат дека лицата со ваков вид физичка попреченост имаат суицидни мисли и дека дијагнозата е тешка за прифаќање.

„Не се сомневав во мене и моите способности. Никогаш не бев подвоен со мислењето дали ќе можам или не. Суицидните мисли се дел од оваа дијагноза. Тоа се статистики кои покажуват дека зависно од земјата и условите во кои живеат лица со попреченост, конкретно овој тип, од 70 до 80 отсто, лицата имаат такви мисли, од кои добар дел се успешни. Најчесто тоа се случува во првите години после повредата. Попреченоста во поглед на моторика и движењето е најголема пречка кај овие лица. Но тоа е на трето или четврто место. Има доста работи кои се пред моториката која е попречена во првиот момент. Целата состојба е тешка за прифаќање, “ вели Тркаљанов.

Целата необична приказна на Тркаљанов можете да ја погледнете во видеото.

Back To Top