skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Тече рокот за нацрт-амандманите на Уставот, се најавува собраниско тело за помирување
Метју Палмер утре доаѓа во Македонија
За Русија остануваме Република Македонија
Трамп: САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор со Русија
Саудиска Арабија призна дека Кашоги починал во Истанбул, 18 уапсени
Мексико ги отвори границите за жени и деца од „мигрантскиот карван“
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Нема да има старо – нови членови на Судски совет

Нема да има старо – нови членови на Судски совет
  • 11.10.2018

Затворен  е огласот за кандидатури за член на Судскиот совет. Точниот број колкумина судии сакаат да станат членови на советот ќе се знае в понеделник. Неофициално во трка се поранешната претседателка на Врховен Лидија Неделкова, од кривичниот суд Гордана Спиреска, од скопска Апелација Кенанзија Мехнед и двајцата судии кои во исто време се тркаат и за шефовската фотелја на второстепениот суд.

Но затоа, актуелните членови на Судскиот совет на кои им истекува мандатот, немале амбиции да продолжат да членуваат во највисокото судско тело, дознава 1ТВ од извори во Советот. Од улога да оценуваат, избираат, разрешуваат судии, Јелица Крстевска, Влатко Самарџиски, Мери Дика и Маријанка Гоцевска Стефановска кои беа избрани од редовите на судиите за членови на советот, се враќаат да судат. Мандатот им истекува во декември, иако имаат право на реизбор, сепак, законската можност, нема да ја искористат.  На Александра Зафировска, пак и завршува и вториот мандат во советот.

Кој од 11 кандидати ќе седне на шефовската фотелја во Апелација ќе одлучуваат и членовите на Советот во заминување. Се е подготвено, уште да се закаже дневниот ред, зашто досега немало кворум во судскиот совет за изборот, брифираат оттаму. Моментално В.Д. претседател на скопска Апелација е судијката Лидија Димчевска, којашто воедно е и кандидат за првата позиција на второстепениот суд, оттаму покрај неа во трка за шефовската фотелја се и судиите Кенанзија Мехмед, Ѓорѓи Радојков и Јованка Никодиновска. Од кривичен четворица судии ја меркаат првата позиција на повисокиот суд, Добрила Кацарска, Весна Димишкова, Огнен Ставров и Гордана Спиреска. По еден кандидат доаѓа од граѓанскиот, кавадаречкиот и од управниот суд, односно судиите Андреј Димовски, Лазар Нанев и Снежана Трповка.

Членовите на советот треба да донесат и одлука и за евентуалното разрешување на петтемина врховни судии кои го ослободија бизнисменот Сеад Кочан од притвор, но и за изваштајот за АКМИС Системите, електронското распоредување на судските предмети во судовите. Комисиите се уште не ги разгледале тезите до крај, за подоцна членовите на судскиот совет да донесат одлуки. Но, не се знае, дали актуелните или новите членови на судскиот совет ќе одлучуваат, бидејќи се зависи од работата на комисиите.

Највисокото судско тело е критикувано и во меѓународните и во домашните извештаи. СЈО во посебниот извештај потенцираше дека Александра Зафировска како претседател на Советот дозволувала полтичко влијание. Нов закон за судски совет подготвува министерството за правда, се предвидува членовите паралелно и да судат, а со законското решение се очекува депрофеионализација на Судскиот совет.

Игор Стефановски

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top