skip to Main Content

Неделкова: Не го расчистивме судството сами, ги добивме аргументите во извештајот на Прибе

Неделкова: Не го расчистивме судството сами, ги добивме аргументите во извештајот на Прибе
  • 17.09.2018

Државните органи треба да преземат нешто за да ги расчистат работите во судството, аргументите ни ги дадоа на маса. Веќе знаевме за ова и можевме самите да ги расчистиме работите, но немаме таква доблест, обичај или методи на работа, вели врховната судијка Лидија Неделкова за состојбите во македонското судство и оценува дека сме дошле во ситуација тоа да е разголено.

-Моите заложби беа, не да и се спротивставам на тогашната власт, периодот во 2015, туку да укажам дека има една аномалија, која треба да ја поправиме. Тоа не им се допадна на луѓето од тогашната власт. Тоа и не беше толку битно, побитно беше Судскиот совет да се согласи со тоа дека требаше заеднички да ја анимираме независноста на судиите, бидејќи Судскиот совет по устав и закон ја обезбедува и заштитува независноста, вели Неделкова.

Според неа, со излегувањето во јавност на бомбите, сите судии посочени во нив и искомпромитирани на кој било начин, треба да сносат морална одговорност, но тоа наишло на неодобрување во фелата.

-Ние сите знаевме што се случува и што Прибе на крајот ни го напиша на хартија и ни рече „па, луѓе, бидејќи вие не сте способни самите да го изменаџирате, еве, јас ќе ви напишам и сега ќе мора да постапувате по тоа што е напишано во извештајот“, изјави Неделкова.

Таа смета дека политиката на притвори е оправдана во одредени случаи, кога навистина постојат основи, но не и без основа или во група.

Back To Top