skip to Main Content

На одлуката за пристапни преговори влијание ќе имаат Европските избори во мај

На одлуката за пристапни преговори влијание ќе имаат Европските избори во мај
  • 05.03.2019

На одлуката за почеток на пристапни преговори со ЕУ ќе влијаат изборите во Европскиот Парламент. Претседателот и директор на берлинската канцеларија на Германскиот Маршалов Фонд Томас Клеине во изјава за 1 тв вели дека целиот фокус на Брисел сега е насочен на изборите во мај, тогаш ќе се види дали ќе преовлада скептицизмот за проширување.

– Европските избори ќе донесат последици , мораме да го почекаме исходот од изборите- колку евроскептицизам всушност ние ќе видиме. Најважна работа во моментот е политичката состојба во Европа. Секако дека е важно да се испорачаат реформи кои се на агендата, но мора да се знае дека состојбата која што е во Европа не е многу пријатна во моментот, кажа Томас Клеине директор на берлинска канцеларија на Германски Маршалов Фонд .

Ова денеска го потврди и францускиот претседател Макрон. Како најголемиот противник на проширувањетотој предложи низа реформи за Унијата со кое ќе се условува ново проширување.

Инаку По дискусиите кои овие два дена се одвиваат во рамки на Германскиот Маршалов Фонд и Владините претставници во Скопје се размислувало за создавање на Балкан 360 со цел да се поврзат на највисоко ниво креаторите на политика но истовремено да има и применливост.

Министерот Димитров смета дека се подготвени за ново поглавје и дека доследно се придржуваме до имплементирање на реформскиот процес.

Ние дадовме план за спроведување на реформите на кој посветено работирме и тој план ќе го испорачаме. Би сакале да бидеме со нашите сојузници во бранењето на заедничките вредности на трансатлантското семејство, кажа Димитров.

Лепа Џундева

Back To Top