skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинител врши увид на местото на железничка несреќа во Хиподром каде што во судир на воз и автомобил загина припадник на МВР
Пет дена за барање за амнестија, законот не важи за организаторите и насилниците на упадот во Собранието
Во Кривичен продолжува судењето за „Титаник“
Продолжува комисиската расправа за предлог амандманите на Уставот
Димитров во Брисел на средба на КОРЕПЕР
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

(Видео) Најпознатите македонски граѓани кои се бараат со меѓународна потерница и за кои се очекува екстрадиција

(Видео) Најпознатите македонски граѓани кои се бараат со меѓународна потерница и за кои се очекува екстрадиција
  • 06.12.2018

Никола Груевски, Никола Бошкоски, Горан Грујевски, Алил Демири, Африм Исмаиловиќ. Ова се најпознатите имиња од Македонија кои се бараат со меѓународна потерница и за кои е почната постапка за екстрадиција во матичната земја. Но и покрај напорите македонските власти досега не успеаа ниту еден од нив да вратат назад.

Последниот бегалец, експремиерот Груевски е се поизвесно дека тешко ќе биде вратен во Македонија откако експресно доби политички азил од администрацијата предводена од неговиот пријател Виктор Орбан.

Меѓународна потерница за Никола Груевски

Никола Груевски, од татко Тало и мајка Надежда, роден на 31.08.1970 во Скопје се бара за пронаоѓање и приведување заради извршување на казната затвор во траење од две години за сторено кривично дело- примање награда за противзаконито влијание.

Македонското министерството за правда испрати обемна документација, целосно преведена на унгарски јазик, со која се оправдува екстрадицијата. Меѓутоа унгарските власти до овој момент немаат одговорено на барањето на македонските институции.

Двоецот од Управата за безбедност и контраразузнавање Горан Грујевски и Никола Бошковски, обвинети во „Таргет-Тврдина“, за уништување на документацијата за масовното прислушување, се уште се во Грција. И тие се обидоа да избегаат во Будимпешта преку солунскиот аеродром, но беа фатени од грчките служби со лажни бугарски пасоши.

Меѓународна потерница за Горан Грујевски

Грујевски Горан од татко Радивој роден на 13.10.1966 во Бихаќ, Босна и Херцеговина, живее во Скопје. Се бара по Наредба на Апелационен Суд Скопје во врска со истрага за кривични дела „Злосторничко здружување“, „Злоупотреба на службена положба и овластување“, и „Фалсификување службена исправа“.

 Меѓународна потерница за Никола Бошкоски

Бошкоски Никола од татко Киро роден на 18.02.1982 во Скопје каде и живее. Се бара по Наредба на Апелационен Суд Скопје во врска со истрага за кривични дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Фалсификување службена исправа“.

 Лажните идентитети им беа Христо Атанасов и Неџби Хасан. И за нив Македонија чека екстрадиција Врховниот суд во Атина ја поништи одлуката на судот во Солун и пресече дека бегалците не треба да бидат екстрадирани во Македонија, поради амнестијата од Иванов.

Тероризам е делото за кое се гонат Алил Демири и Африм Исмаиловиќ. И тие се уште се недостапни за органите на прогон бидејќи се пребегани на Косово. И за нив Македонија се уште чека екстрадиција а се бараат за петкратното убиство кај Смилковското езеро.

Меѓународна потерница за Алил Демири

Алил Демири роден 1985 год во Скопје, се бара врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје I, за сторено кривично дело “Тероризам” предвидено по член 394 од Кривичен закон на Република Македонија, во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смиљковското езеро. На истиот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

 Меѓународна потерница за Африм Исмаиловиќ

Африм Исмаиловиќ роден 1980 во Скопје, се бара врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје I, за сторено кривично дело “Тероризам” предвидено по член 394 од Кривичен закон на Република Македонија, во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смиљковското езеро. На истиот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Според податоците од министерството за правда годинава во Македонија се екстрадирани 9 лица а Македонија екстрадирала 71 лице по барање на други држави. Инаку вкупно 269 предмети за екстрадиција се работеле од кои 77 на барање на странска држава а 192 по барање на Македонија.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top