skip to Main Content

Најдобрите кадри на македонскиот пазар – тема во Студио 1

Најдобрите кадри на македонскиот пазар – тема во Студио 1
  • 27.06.2019

Образованието станува најпрофитабилна инвестиција во светски рамки, но темата издвојува две тези – дека можеби не ни требаат толку образовани кадри, туку повеќе средни стручни училишта во кои ќе се обучуваат кадри за странските инвеститори од една страна и од друга дека знаењето е најголем капитал. На оваа тема во отвореното Студио 1 дебатираат Андреј Наумовски и Тамара Георгиевска, студенти кои го завршиле факултетот со чиста десетка, но решиле да останат во земјава, како и Христина Спасевска, професор на ФЕИТ и претседател на Инженерската институција на Македонија.

-Не може инженер да биде добар откако ќе ја добие дипломата ако остане само на формалното образование. Тоа е теоријата, ни ги дава основите за да бидеме инженери. Јас имав можност да работам во две-три области во текот на студиите за на крајот да дипломирам во област што обединува две сфери – фармација и инженерство. Многу би го поздравила неформалното образование и инженерите треба да ја грабаат секоја прилика да работат на научноистражувачки проекти или да се вклучат во неформално образование. Праксите нѐ доучуваат во практична смисла како да решаваме проблеми, вели Георгиевска.

-Технологијата напредува пребрзо и ако некој сака да биде успешен на тоа поле мора да биде во тек со повеќето технологии за да напредува во кариерата и да не стане непотребен. Сите сакаат да користат најнова технологија и алатки, па ако некој сака да биде добар инженер, мора да биде во тек со сѐ што се случува. Јас бев на повеќе пракси и практичната работа е можеби дури и побитна од теоријата, затоа што без практична работа, човек не може да биде инженер, рече Наумовски.

-Инженерскиот прстен годинава се доделува по 16 пат. Лани имавме 15 години јубилеј и клубот добитници на инженерски прстен направија анкета, успеавме да најдеме поголем дел од добитниците, 150 до лани и сега уште 10. Имаме 160 добитници, од сите инженерски дисциплини. Анкетата покажа некаков пресек за тоа каде се овие млади луѓе по 16 години, а тоа е 2010 година. До 2010 скоро сите минус еден останале во државава и веќе се редовни професори или декани на универзитетите. Во последните 9 години драстично опаѓа бројот на вработени добитници на инженерски прстен на универзитетите, само двајца-тројца останале на универзитетите. Имаме огромен број кои заминале во странство и сега работат во елитните компании низ светот или се на елитните универзитети во странство, вели Спасевска.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top