skip to Main Content

Најголем дел од пожарите се поради човечки фактор – командирот Кочовски во Централниот дневник

Најголем дел од пожарите се поради човечки фактор – командирот Кочовски во Централниот дневник
  • 07.08.2019

Најтоплиот бран за ова лето почнува и се очекува да донесе температури над 42 степени до наредната недела. Сувото и сончево време ја зголемува опасноста од пожарите на отворен простор, кои сепак најчесто се предизвикани од човечки фактор, вели Владимир Кочовски, командир на противпожарна чета.

-Не би требало да дојде до запалување од температурата. Човечкиот фактор е секогаш пресуден. Температурата може да влијае на брзината на развојот на пожарот, вели тој.

За големиот пожар што го зафати Сибир, Кочовски вели дека како за земја со големи човечки и технички ресурси, чуди бавната реакција на Русија и тоа што почна да го гасне по дури две недели, откако се прошири драматично.

-И таму е човечкиот фактор причина, затоа што не може да се запали тој цел регион на 170 различни локации, изјави Кочовски и додава дека климатските промени не се причина за пожарите, но сериозно го поттикнуваат нивното ширење.

Тој објаснува дека шансите да се разгори пожар поради стакленце или пикавец се минимални.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top