skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Беља и Демири осудени на 19 години затвор за убиството на Саздо
Двајцата претседателски кандидати очекуваат победа во вториот круг
Евакуирана Операта во Сиднеј поради истекување на гас
Ден на национална жалост во Шри Ланка
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

НАТО и реформата на македонските безбедносни и разузнавачки служби – разговор со проф. Дујовски во Студио 1

НАТО и реформата на македонските безбедносни и разузнавачки служби – разговор со проф. Дујовски во Студио 1
  • 11.02.2019

Македонските безбедносни служби во армијата и во цивилниот сектор ги чекаат кадровски потреси по влегувањето на Македонија во НАТО, како што било и со другите членки. Професорот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски смета дека во однос на другите делови од општеството, безбедно-разузнавачката заедница, војската и полицијата се чекор понапред, затоа што реформите се спроведуваат повеќе од две децении. Во врска со забелешките на македонски функционери дека во службите има луѓе кои не се за НАТО и за ЕУ, тој вели дека со таквите нема да можеме да се справиме преку ноќ, затоа што се на одговорни позиции, но добро е тоа што голем дел нив веќе заминуваат или се при крајот на своите кариери и може лесно да бидат заменети.

-Предноста на овој долг пат на Македонија кон НАТО е меѓу другото и во ова, ако воопшто можеме да зборуваме за предност, затоа што од другите земји во регионов, најголем дел од нив пристапија во НАТО во 2004 година, една и пол деценија по падот на комунизмот. Бугарија, Романија, Словенија требаше да се справат со можеби повеќе од половина од вработените, објаснува тој и вели дека може и кај нас да се очекува некаков бран на пензионирања, но нема да биде со големо значење и сила.

Тој вели дека барем во првичниот период нема да дојде до спојување меѓу УБК и Агенцијата за разузнавање, но се знае дека Управата излегува од МВР и ќе биде орган на Владата.

-Јас би рекол дека за период од една деценија, овие две агенции ќе работат паралелно. Такво е искуството во добар дел од земјите во регионот. За подобрување на нивната работа ќе има нов орган кој ќе ја подобри координацијата меѓу Управата, Агенцијата и военото разузнавање, вели Дујовски.

За најавениот ветинг во МВР, изјави дека е веќе во напредна фаза и може да се видат контурите, а на него ќе работат надлежни од МВР, но и надворешна група на експерти.

-Ветингот ќе подразбере трипартитни проверки – на персоналното досие на секој од вработените, на неговата имотна состојба и легислативните проверки – на кој начин влегол во МВР, дали има соодветна диплома на работното место, објаснува Дујовски и додава дека истиот процес ќе се применува и во судството и јавното обвинителство.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top