skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Радев: Ја поддржуваме Северна Македонија, но не безусловно
Лидерската средба неизвесна
Апостолакис за МИА: И двете страни да ги извлечат позитивните работи од Договорот од Преспа
Скопје и Сеул воспоставија дипломатски односи
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Надрилекари – природна медицина за спас или шарлатанство – разговор во Студио 1

Надрилекари – природна медицина за спас или шарлатанство – разговор во Студио 1
  • 08.02.2019

Во борбата за живот, човек е подготвен на сѐ и надежта последна умира. Славчо Петров од Велес почина на 7 јануари годинава, на 31 година, а во Студио 1, неговата сестра Билјана Јовановиќ, раскажува како тој се лекувал со помош на надрилекар од Србија.

-Г. Петровиќ е јавна личност во Србија, која се занимава со повеќе теми, има повеќе предавања кои може да се погледнат на јутуб. Го знаев неколку години наназад, со целото семејство и мои пријатели го слушавме г. Петровиќ, затоа што е јавна личност која пред сѐ се занимава со лекување на рак на природен начин, има теми за веронаука и политика, раскажува Јовановиќ.

На Славчо му бил дијагностициран бенигнен тумор на мозокот. Исплашени од докторите, кои рекле дека туморот не е опасен и треба само да се следи и дека може така да продолжи да живее, му се обратиле на г. Петровиќ, затоа што мислеле да се обидат на друг начин, без класична операција.

-Г. Петровиќ ни кажа дека тоа се решава брзо и лесно и ни даде програма за лекување. Брат ми прво беше на таа 30-дневна програма, само на цедени сокови и тинктури. Потоа се продолжува со сирова храна и тинктури. Брат ми беше до самиот крај 100% на терапијата на г. Петровиќ. За жал, се заврши трагично, вели сестра му.

Петровиќ забранувал пациентите да добијат мислење од медицинско лице, се залагал против вакцинирање и против школување и против целокупниот систем на живеење. Славчо требало да прима и лекови за епилептички напади, кои биле резултат на туморот, но Петровиќ му го забранил тоа. Како што додава Јовановиќ, соковите и молитвите чинеле големи пари, а Петровиќ нудел и дипломи на непризнаен курс по природна медицина за над 900 евра.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top