skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бектеши – Азеведо: Северна Македонија е на вистински пат за отворена економија и економски раст
Неизвесна лидерската средба, Мицковски не гледа потреба да присуствува
Седница на собраниската Комисија за здравство
Земјотрес во Струмица, Валандово и околината
Пролонгирано заминувањето во затвор на Сеад Кочан, додека не се одлучи по неговото барање
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Навивачка страст наместо навивачки примитивизам – разговор во Студио 1

Навивачка страст наместо навивачки примитивизам – разговор во Студио 1
  • 04.06.2019

Националистичките скандирања кои сепак успеаја да не ја прескокнат прославата на неверојатниот успех и втората шампионска титула на РК Вардар на Европското првенство, неизбежно го поставува прашањето дали можеме да навиваме со страст, во спортски дух и без примитивизам. Гостите во отвореното Студио 1, деканката на Факултетот за физичка култура Ленче Алексовска и судијата и професор Лазар Нанев, се согласни дека победата беше катарза, еуфорија и радост.

-Ние можеби сме мала, но многу талентирана држава. Ни треба систем, дисциплина која треба да ја почитуваме, стручни кадри да ги респектираме. Не може да сме нација и народ којашто знае сѐ. Спортот нѐ учи на почит и фер плеј. Така се учат децата од мали и така се развиваат во странските земји. Знаете како навиваат тие? Со знаменца, цело време пеат, ја поддржуваат екипата без разлика дали губи или води. Нема големи, силни емоционални реакции како кај нас. Ние уште не сме научени да се справуваме со порази. Сите се сплотуваме со успехот, но кога ќе доживееме пораз, сите бараме виновници. Тоа е културата на еден народ, изјави Алексовска.

-Тоа што се случи вчера на самата манифестација, би го дефинирал како одредена изолација од аспект на општествените и економските односи кои се случуваа во државата во изминатиот период, поларизираноста, поделеноста. Сигурно имавме над 100.000-200.000 граѓани кои за првпат без „купување на сендвичи и автобуси“ сакаа да ја споделат радоста со своите идоли и тоа е голема работа, но идолите мораат да внимаваат каков ќе биде нивниот пристап кон масата затоа што, во зависност од нивното однесување и самата јавност реагира во дадениот момент, што се случи вчера, изјави Нанев.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top