skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
(Видео) Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган
Веќе е извесно дека завршница за предметите на СЈО ќе има
Вистиномер.мк: Химната не е отстранета од образовните програми за основците
Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте

Мултикултурализмот како светски процес – во фокусот на Студио 1

Мултикултурализмот како светски процес – во фокусот на Студио 1
  • 22.05.2019

Денешното Отвореното Студио 1 со Влатко Чаловски и Антони Крстевски го отворивме со потсетувања од вчерашните разговори со социологот Илија Ацевски, публицистот Линда Кадриу, новинарот Томислав Кежаровски и проректорот на УКИМ Владимир Пешевски.

Ако „метлата“ стане синоним на реконструкција на Владата и на промените на вторите и третите ешалони, тоа нема да биде ни прв ни последен пат. За „метлата“ во отвореното Студио 1 зборува социологот Илија Ацевски, кој вели дека кога ќе го слушне тој збор, прво што му паѓа на памет се дамнешните времиња во социјализмот, идеолошка алатка, кога нешто не оди, „чистење“ на врвот, додека промените на дното се небитни.

Дали премиерот Зоран Заев мултикултурализмот како светски процес го редефинира како интеркултурализам и дали сме општество на сите? На оваа тема во Отвореното Студио 1 со уредникот Александар Чомовски зборуваше публицистот Линдита Кадриу. Смета дека и во општественото милје како и во политичкото функционирање закон треба да е нормалноста.

Врховниот суд, одлучувајќи по барање за заштита на законитоста, неодамна ги укина првостепената и второстепената пресуда во случајот „ликвидација“ и го врати предметот на повторно одлучување. Еден од седумтемина обвинети во контроверзниот предмет е и новинарот Томислав Кежаровски, прогласен за виновен за откривање на идентитет на заштитен сведок. Во октомври 2013 беше осуден на четири и пол години затвор, а во ноември 2014 Апелација му ја намали казната две години. Неговото апсење и пресудата наидоа на силни реакции на домашната и меѓународната јавност и силни критики за Македонија како земја во која е загрозена слободата на изразување.

Првиот државен универзитет, „Св. Кирил и Методиј“ е расадник на сите кадри кои седум децении учествуваа во дефинирањето на иднината на државава, од СФРЈ до самостојноста. Во Македонската Филхармонија, каде што УКИМ одбележува 70 години постоење, на линковска врска, проректорот Владимир Петрушевски вели дека со оглед на превирањата во државава и тешкотиите да се најде работа, голем број луѓе си ја побарале среќата надвор, а првиот чекор им бил запишување на постдипломски студии во странство, но сѐ уште најголем број од најдобрите завршуваат на УКИМ.

Целиот блок од Отвореното Студио 1 погледнете го во видеото:

Back To Top