skip to Main Content

Може ли правдата да има етничка боја – тема во „Правда и неправда“

Може ли правдата да има етничка боја – тема во „Правда и неправда“
  • 25.06.2019

Во албанската етничка заедница, кај обичните граѓани и кај стручната јавност, навистина постои перцепција дека кога се работи за сторители на кривични дела постои етничка пристрасност во судските процеси, смета врховниот судија Шпенд Деваја, по критиката од вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.

-Не би сакал да зборувам за примери, но во последно време во неколку случаи има разлики во одмерувањето на картите за различни сторители на кривични дела. Мислам дека е добра идеја, ако навистина се нафати ОБСЕ, да направи ваква анализа, со тоа ќе се отстранат сите заблуди или некоја погрешна перцепција дека има таква селективна примена на правдата поради етничката припадност на сторителите. Се надевам дека таа теза ќе се докаже или ќе се отфрли, за да можеме ние судиите да не бидеме под таква опсервација или влијание од страна на граѓаните и стручната јавност, вели тој.

Според универзитетскиот професор Гордан Калајџиев, прашањето е деликатно, но чудно е кога доаѓа од политичари кои биле на власт и имаат огромна одговорност за децении наназад.

-Министерството за правда беше постојано во рацете на ДУИ и после 20 години непосредно влијание да излезете со ваква теза е малку манипулација. Не велам дека не постои. Проблемот за сензитивност на перцепциите е присутен во сите општества каде што има различни етнички групи. Тие се изразени можеби уште во првиот допир со полицијата. Англичаните постојано прават студии дали едноставното стопирање на граѓани е врзано со профилирање. Тука е деликатно затоа што некои групи се можеби повеќе инволвирани во некој тип на криминал. Кај нас, на пример, не сум забележал ниту во статистики што сум ги проучувал, дека казнената политика е построга кон Албанците. И обратно, има и друга перцепција, дека не може да ги осудите, штом ги осудите, веднаш се жртви на неправда, одговори тој.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top