skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Германски печат: ЕУ земјите подготвени да ја прифатат само Северна Македонија
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја бара
Шекеринска: Земјава за една година направи скок од 23 места во однос на стабилноста
Новата амбасадорка на САД во земјава положи свечена заклетва
Сведок од УБК: До системот за прислушување се пристапуваше и надвор од МВР, од поранешниот Аеро клуб
Министерството за правда ги објави извештаите од надзорот во судовите за АКМИС системот
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

МНР под палката на Милошоски купувало руинирани објекти во странство – потрошени милиони за нефункционални објекти

МНР под палката на Милошоски купувало руинирани објекти во странство – потрошени милиони за нефункционални објекти
  • 09.05.2018

Министерството за надворешни работи во 2007 година донело одлука за купување и реконструкција на 15 објекти во странство во вредност од 50 милиони евра. Пет објекти биле купени во 2007 и 2008 година во Виена, Букурешт, Прага и уште неколку европски градови. Објектите се наоѓаат на локации несвојствени за дипломатски претставништва, се наоѓаат во руинирана состојба, а едно адвокатско друштво ги застапувало и продавачот и купецот – македонското МНР. Вакви се наодите од увидот во документацијата кој го изврши актуелното раководство во министерството.

Формирани биле 2 комисии кои функционирале само формално бидејќи Претседателот на Комисијата ја имал клучната улога, а кабинетот на поранешниот премиер и тогашниот Генерален секретар биле детално информирани. Увидот покажал и дека Владата фаворизирала поскапи понуди, а дел од објектите како оној во Прага биле дивоградби. Чешките власти дури и донеле одлука за рушење. За секој од купените објекти се потрошени дополнителни средства за реконструкција. Еден босански државјанин и една адвокатска фирма регистрирана во Будимпешта се дел од мрежата. Др Фехер и партнерите е адвокатското друштво кое ги застапувало двете странки во купопродажната постапка.

Тогашниот прв човек на МНР се оградува од постапката. Купувањето на објектите, Антонио Милошоски вели дека било политичка одлука, но целата постапка ја спроведувала комисија, а тој не бил дел од тие случувања. Милошоски вели дека за прашањата поврзани со буџетот ги задолжил заменикот и генералниот секретар.

Актуелното раководство на МНР ќе бара одговорност и наодите од увидот ќе бидат доставени до истражните органи. Од МНР велат и дека воочиле дека недостасува одредена документација. Се уште не се знае што ќе прави министерството со купените објекти, дали ќе се продаваат или сепак ќе се активираат за нашите претставници зависи од состојбата во која се наоѓаат објектите, но и од проценката за трошоците за нивно ставање во функција. 

 

 

Back To Top