skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Младите освојуваат со зрелоста низ годините – разговор со Кристина Даниловска

Младите освојуваат со зрелоста низ годините – разговор со Кристина Даниловска
  • 14.06.2019

Кристина Даниловска на свои 20 години освои, „Златна Плакета“ на Државниот фестивал на непрофесионален филм во Крушево за „Изолиран случај“. Ова е петта награда на Данаиловска која во Отвореното Студио 1 зборуваше со Јана Јосифоска за тоа што ја инспирира и какви проблематики обработува во нејзините филмови.

-Во 2010 година одлучив да пробам да работам на 3Д анимација, имав идеја за приказна со наједоставените форми и приказната беше за две снешковци, тоа ми беше првата апликација на Државниот фестивал што доби „Златна плакета“, потоа продолжив со 2Д анимација и тоа беше вториот филм кој го пратив и потоа продолжив со кратки филмови како филмот „Изолиран случај“, рече Даниловска.

Вели дека љубовта кон филмовите и се јавила кога почнала да волонтира на филмски сетови.

-Секое утро кога одев на филмскиот сет се будев возбудена и секојпат ми се допаѓаше сѐ повеќе и така заклучив дека местото ми е на теренот, раскажува Даниловска.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top