skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинителството го стави под лупа бегството на Груевски
1ТВ ја презеде медиумската лидерска позиција
Европските Зелени го обвинуваат Орбан дека се обидува да предизвика конфликт
Заев: Груевски е кукавица, категорично ги отфрлам сите шпекулации за каков било политички договор со него
Груевски илегално влегол во Албанија, а со пасош излегол на границата со Црна Гора
Иванов одбива каква било инволвираност во врска со донесената судска одлука за Јанакиески
Заев-Борисов: Нашите две земји се пример за новата реалност на Балканот
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Мијалков до Мицкоски: Прочитан си Христијане дека играш двојно

Мијалков до Мицкоски: Прочитан си Христијане дека играш двојно
  • 08.11.2018

Нова преписка меѓу екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Мијалков во новото отворено писмо повторно упати низа обвинувања кон претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Мотивот е објавата на „твитер“ на еврокомесарот Јоханес Хан во која тој по средбата со Мицкоски ја поздрави неговата посветеност повеќе да не се опструира процесот во Парламентот. Мијалков го прашува Мицкоски какви се неговите заложби за конструктивност кои му ги ветил на Хан и дали лаже за истите.

– Нели Христијане клечеше, се крстеше и се колнеше во Македонија? Која е сега таа конструктивност која што сега ти стана повредна од Македонија ? Има ли твојата “борба за Македонија” цена и која е таа ? Дали ќе организираш протести и дали во Собранието ќе ги искористиш сите средства за да го блокираш договорот од Преспа, а такви средства имаш многу ? Ти кажав и пак ќе ти кажам, тоа што го правиш не е чесно и не доликува на човек што треба да го води ВМРО. Сакаш да дојдеш на власт ама ти да си патриотот, а другите да се предавници. Сакаш да газиш преку туѓи животи. Кукавички и ниско од некој што треба да води организација како ВМРО. Прочитан си Христијане дека играш двојно со нашето членство и целиот народ. Извини се на членството за двојните игри и лицемерито. Извини се и на граѓаните на Македонија што ги лажеше дека ти ќе си го бранел името до крај, напиша Мијалков.

Во писмото, Мијалков вели дека ниту едно раководство на ВМРО-ДПМНЕ не доживеало ваков срам на меѓународната сцена од сестрински партии дел од ЕПП. Како пример за тоа го посочува фактот што Јоханес Хан и Дорис Пак отворено го критикуваа раководството на партијата. Вината за ова Мијалков секако ја наоѓа во Мицкоски, и како што вели неговото лицемерие, лажен патриотизам и незаинтересираноста за иднината на Македонија.

– Во иста вечер јавно да те бламираат и да ти пишуваат пораки на социјалните мрежи и Дорис Пак и Јоханес Хан не говори ништо друго, освен што покажува дека и тие ги прочитале твоите лаги и не ти веруваат. Одлучиле да ти твитнат за да не ти текне да си пренесеш само тоа што ти одговара и да лажеш дека имаш поддршка за штетата што ја предизвикуваш и по Македонија и по ВМРО. Така е тоа Христијане кога играш дупло. Така е тоа Христијане со искусни политичари кои знаат дека твои советници од доверба шетаат по Скопје и зборуваат “а да си побаравме ние друг партнер, на исток”, вели Мијалков.

Мијалков писмото го завршува со тоа дека има подолг стаж во партијата од Мицкоски и неговите соработници, и дека писмата имаат само една цел, да го спасат и направат ВМРО-ДПМНЕ посилно. Ти не си ВМРО, ВМРО е над тебе, му напиша Мијалков на Мицкоски.

Антонио Крстевски

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top