skip to Main Content

(Видео) Мицкоски: Ќе се обидам да го побарам телефонoт на Груевски и ќе му се јавам

(Видео) Мицкоски: Ќе се обидам да го побарам телефонoт на Груевски и ќе му се јавам
  • 27.02.2019

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски гостуваше во „Печат на неделата“ со Сашо Ордановски, каде беше прашан дали е во контакт со поранешниот премиер на земјата, на што одговори дека тие не контактирале и дека не бил во Србија и Унгарија да го договара бегството на Груевски.

-Никаков контакт со Груевски. Повеќе други луѓе имаат контакт со Груевски отколку јас, рече Мицкоски.

На прашањето зошто не контактирале вели дека го нема неговиот телефон.

-Го немам неговиот телефон. Ќе го послушам вашиот совет, ќе се обидам да го побарам неговиот телефон и ќе го побарам, нагласи Мицкоски.

Back To Top