skip to Main Content

Мисајловски: Предвремени избори треба и мора да има, колку побргу – толку подобро

Мисајловски: Предвремени избори треба и мора да има, колку побргу – толку подобро
  • 02.09.2019

„Предвремени избори треба и мора да има. Колку побргу, толку подобро и за граѓаните и за државата! Само тоа е спасот од оваа неспособна, расипничка и корумпирана власт“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

-Три години по ред Македонија ги трпи последиците од најнеспособната влада од осамостојувањето. Оваа власт за 7 месеци реализираше едвај 24.5% од годишно планираните капитални инвестиции, во време кога реализираниот дефицит и социјални трансфери се над 50%. Тоа е показател дека државата е ставена на апарати за дишење, не се гради ништо, не се прави ништо, смета Мисајловски.

Back To Top