skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Денеска во 18 часот седница на ЦО на СДСМ за кадровските промени
Последен ден од изборите во ЕУ, првичните резултати пред полноќ
Од среда започнува пријавувањето за социјална помош во центрите
Торонто влезе во големото НБА финале
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Миронски во Студио 1: Кога стапнав на тлото на Калкута ја осетив целата големината на Мајка Тереза

Миронски во Студио 1: Кога стапнав на тлото на Калкута ја осетив целата големината на Мајка Тереза
  • 24.04.2019

Во очи на доаѓањето на папата Франциск кој во посетата е планирано и да ја посети и спомен куќата на Мајка Тереза, гостин во Отвореното Студио 1 беше Јасминка Миронски автор на книгата за Мајка Тереза – „Светилката се уште гори“.

Посетата на папата е од една страна државничка, но од друга страна и религиозна како поглавар на римокатоличката црква.

„Уште од мала секогаш ми беше интересна појавата на скопските улици кога некој ќе речеше – не се прави Мајка Тереза“, рече Миронски.

Говорејќи за животот на младата Гонџа, Миронски вели дека во овие делови на светот, што заради поплави, пожари, земјотреси и војни многу архивски документи се уништени:

-Забележано е дека младата Гонџа била жива, темпераментна и енергична девојка, ведра, насмеана и дружељубива. Пожртвувана, скромна, а сепак толку одлучна и силна, што било контраст на нејзината кревка физичка природа. И исклучително хумана. Била многу ангажирана околу црковната заедница „Срце Исусово“, пеела во хорот како сопран, играла во црковниот и градскиот театар, рецитирала, пишувала поезија, свирела на мандолина и се почесто сонувала да стане чесна сестра.

Во овој сплет на околности, посветеност кон Исус и вродено милосрдие, останување без татко на само осум години, било логично и очекувано, иако првично болно за мајка и, но и за роднините и пријателите, на 18 години завршената гимназијалка да замине од дома.

-На патот од посветеноста да служи на најсиромашниот меѓу сиромашните и да се дарува љубов на оние на кои им е љубовта потребна, Гонџа од Скопје заминала за Ирска, за потоа да стаса во Калкута, Индија. Од Скопје за Загреб тргнала на 26 септември 1928 година. На Железничката станица дошле да ја испратат неколку стотини лица. Сите плачеле од тага. Нејзиниот братучед Лоренц Антони ќе запише дека роднините се собрале кај нив дома и секој носел по некој ситен подарок како книга, молив и слично во знак на сеќавање. А, да се збогуваат дошле и другарите, соучениците, целото маало. Изборот за Ирска и специфичниот религиозен ред од сестрите на Лорето, кој организирал мисионерски училишта во Индија бил по совет дека е тоа патот по кој таа може да ја исполни својата амбиција и фактот дека ирската секција била една од најдобрите женски верски заедници, подвлекува Миронски, базирајќи се на истражените материјали за својата книга.

Од фељтон до монографија па се до книга. Кога сакав да ја посетам во Калкута таа почина. Имав среќа да се сретнам со Ристо Пенов, кој како тогашен граночалник на град Скопје го финансираше мојот пат на погребот на Мајка Тереза.

Тогаш сфатив која била и што значи Скопје за светото. Кога стапнав на тлото на Калкута кога ќе споменете од каде сте, ја осетив целата големината на Мајка Тереза, изјави Јасминка Миронски.

Целиот разговор со Миронски погледнете го во видеото:

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top