skip to Main Content

Министерство за транспорт и врски се оградува од чочекот

Министерство за транспорт и врски се оградува од чочекот
  • 24.04.2018

Министерството за транспорт и врски се огради од активностите на автопатот Демир Капија-Смоквица каде што по повод пуштањето во употреба вчера беше организирана веселба со жива музика и чочек. Од Министерството велат дека не се организатори на овој настан.

„Во однос на информациите објавени по електронските медиуми и социјалните мрежи а кои се однесува на некаква забава на делови на автопатот Демир Капија-Смоквица, сакаме да појасниме дека Министерството за транспорт и врски се оградува од секаква активност поврзана со овие информации. Исто така сакаме да ве информираме дека ниту Министерството за транспорт и врски ниту друга државна институција не е организатор на било каква забава“, велат од Министерството на Горан Сугаревски.

Во однос на сите други информации, од таму ги упатуваат медиумите да се обратат до Изведувачот на проектот.

„Автопатската делница Демир Капија – Смоквица е целосно завршена и од денеска ќе биде пуштена во сообраќај за секаков вид на возила. Министерството за транспорт и врски е одговорна и транспрантна институција, која единствена цел е да обезбеди квалитетни услуги во рамките на своите надлежности“, подвлекуваат од таму.

Back To Top