skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Регулаторна најави минимално намалување на цената на струјата – за колку ќе се знае утре

Регулаторна најави минимално намалување на цената на струјата – за колку ќе се знае утре
  • 28.06.2018

Mинимално намалување на цената на струјата, но процентот  ќе се знае по седницата на Регулаторната комисија за енергетика закажана за утре. Ова денеска го најави новиот прв човек на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

ЕВН побарала 9 проценти зголемување на цената на електричната енергија за крајните потрошувачи, а ЕЛЕМ побарале намалување од 1,5 проценти, додека МЕПСО не навеле процент. Конечната одлука се носи утре, на отворена седница, од страна на новиот состав на Комисијата.

Регулаторна најави и преоценување на мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија со цел да се намалат трошоците на потрошувачите за приклучување. Велат – има можност да се намали цената за приклучок која сега изнесува 500 евра, но во општини кои имаат Детални урбанистички планови.

Во втората половина од јули регулаторите треба да достават критериуми до Владата за тендерот за избор на универзален и краен снабдувач на граѓаните, кој треба да се објави до септември. Според новиот Закон за енергетика од март наредната година домаќинствата сами ќе одлучуваат дали со електрична енергија ќе се снабдуваат од универзалниот снабдувач по регулирана цена, или од слободниот пазар.

Бислимовски најави дека еден од условите која фирма ќе победи на овој тендер ќе биде и најниската понудена маржа што ќе ја побара од Регулаторна.

Од Комисијата рекоа и дека до мај 2019 година кога истекува договорот со Хеленик Петролеум, нема да се менува методологијата за пресметка на нафтените деривати.

Новиот состав на Регулаторна најави дека ќе се сретне со здружението „Но пасаран“ и со Балкан Енерџи Груп за инаоѓање на решение за проблемот со исклучените од парно греење кои плаќаат сметки.

А Бислимовски најави и дека се разгледува опцијата во постоечките објектите каде има хоризонтален систем за парно греење, да се воведат калориметри. Дополнително ќе се одлучува на чиј трошок ќе падне нивното поставување, дали на компаниите или на граѓаните.

Александра Филиповска

Back To Top