skip to Main Content

Милионерите се новите сиромашни во Венецуела (Видео)

Милионерите се новите сиромашни во Венецуела (Видео)
  • 21.06.2018

Жителите на Венецуела секој ден плаќаат милиони боливари за да купат овошје, ориз или пченкарно брашно, но повеќето немаат скршена пара и се мачат да врзат крај со крај.

Доколку сакате да станете милионери, заминете за Венецуела.

-Ние сме милионери затоа што плаќаме со милиони, но тоа не значи дека имаме милиони во банките, вели локална жителка.

Порано важеше за една од најбгатите држави во Латинска Америка, но сега универзитите проценуваат дека дури 87 проценти од населението на земјата официјално живее во беда.

Хиперинфалацијата значи дека Венецуалците плаќаат шест или седум цифрени суми само за основните производи за живот. Секој производ е дури за 250 пати поскап од пред две години.

-Табла јајца чини 3 милиони боливари, а минималната месечна плата е 4 милиони. Значи ти треба речиси цела месечна плата за да си дозволиш ни табла јајца, вели локална жителка.

Back To Top