skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
(Видео) Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган
Веќе е извесно дека завршница за предметите на СЈО ќе има
Вистиномер.мк: Химната не е отстранета од образовните програми за основците
Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте

Метла…!? – разговор во Студио 1

Метла…!? – разговор во Студио 1
  • 21.05.2019

Ако „метлата“ стане синоним на реконструкција на Владата и на промените на вторите и третите ешалони, тоа нема да биде ни прв ни последен пат. За „метлата“ во отвореното Студио 1 зборува социологот Илија Ацевски, кој вели дека кога ќе го слушне тој збор, прво што му паѓа на памет се дамнешните времиња во социјализмот, идеолошка алатка, кога нешто не оди, „чистење“ на врвот, додека промените на дното се небитни.

-Тоа е идеолошка матрица која во посттранзициските времиња е многу успешна. Во духот на ова време, смислата е поинаку поставена, но тоа е нејзината функција. И сега ние ако мислиме дека со промената на двајца или пет министри во врвот нешто може да се смени суштински, јас во тоа многу не верувам. Сметам дека промените одат од горе, но смислата и значењето е од доле, како ќе го реализирате тоа конкретно, вели Ацевски.

Според него, од „метлата“ почна да се прави театар за забава на луѓето и вниманието се врти во погрешна насока за да се исцрпи енергијата. Како што вели, по првиот бран на транзицијата, кога владата на СДСМ приватизирала, дошол вториот во кој ВМРО-ДПМНЕ доприватизирала, за на крај да почне посттранзициска промена, „дај да правиме буџет“ и за 10-тина години резултат се новите градби и споменици во Скопје и низ Македонија.

-Таа структура веќе нема со што да манипулира за да дојде до богатство, затоа што е веќе богата, добар дел од нив се дел од тоа, но нивното опкружување е доста гладно и проблемот е дека тие апетити треба да се задоволат, но нема правила, затоа што се станати толку порозни и неодредени, иако напишани на хартија, но нивната реализација е надвор од рационалноста, објаснува Ацевски.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top