skip to Main Content

Мајката на малата Софија: Неточни се тврдењата за лажната хуманост на Бојан Јовановски, сами ја одбравме понудата на Фондот за лекување (ВИДЕО)

Мајката на малата Софија: Неточни се тврдењата за лажната хуманост на Бојан Јовановски, сами ја одбравме понудата на Фондот за лекување (ВИДЕО)
  • 09.10.2018

Неточни се тврдењата кои кружат во јавноста  за лажната хуманост на сопственикот на 1 ТВ, Бојан Јовановски, во врска со случајот за лекувањето на малата Софија, вели за 1ТВ Катерина Караманолева, мајката на девојчето кое моментално се лекува во Турција. Ваквата реакција доаѓа откако на социјалните мрежи продолжија нападите и неоснованите обвинувања од страна на Зоран Божиновски со цел да се дискретира Јовановски, но овојпат со лажни тврдења и манипулации дека сопственикот на 1 ТВ ја прелажал целата македонска јавност, но и фамилијата Караманолев дека ги платил трошоците за лекување на малата Софија.

Со цел да ја откриеме вистината за овој случај ја контактиравме мајката на болното девојче. Караманолева во моментов се наоѓа во болницата во Турција каде се лекува нејзината ќеркичка и не можеше да даде телефонска изјава и затоа  разговаравме преку Вибер комуникација.

-Засега би сакала само да кажам дека сме му благодарни на г-динот Јовановски за соработката за пружената помош. Иако не ја прифативме понудата, се уште сме во контакт и драго ми е што е така. Сакам да кажам дека ние НЕ СМЕ ИСПЛАШЕНИ како што кружи низ социјалните мрежи и не е фер да се објавуваат неточни информации. Повторни ќе кажам благодарни сме му на Јовановски за соработката, благодарни на министерството ( ФЗОМ – наша забелешка) што го презема целиот товар за лекувањето на Софија, благодарни на сите хумани луѓе што ни помогнаа. Нам ни останува да се надеваме дека Софија ќе биде добра, изјави за 1ТВ мајката Катерина Караманолева.

Откако се појавија апелите за помош за лекување на болното девојче  на почетокот на септевмри, сопственикот на 1ТВ експресно реагираше и понуди да ја преземе обврската за организација и финансирање на лекувањето на малата Софија од Струмица.

Јовановски преку својот ФБ статус соопшти дека компанијата ќе се откаже од месечните комерцијални надоместоци кои ќе бидат наменети за потребениот износ во висина од 28.000 евра за операција на малата Софија.

Веднаш по ваквата објава тој го покани семејството Караманолеви во просториите на нашата телевизија каде низ  искрен и емотивен разговор за текот на натамошните случувања со нејзиното здравје, тој сподели и фотографија на социјалните мрежи. Семејството на малата Софија за време на средбата се заблагодарило за понудата но родителите го информирале дека во меѓувреме им се јавиле од Фондот и им соопштиле  дека ќе ги преземат трошоците за лекувањето. Но и покрај тоа,  Јовановски како хуман гест им донирал извесна парична помош за дополнителни трошоци околу престојот во Турција.

Од сето ова станува јасно дека Божиновски тенденциозно го користи случајот со малата Софија и манипулира со чувствата на родителите, но и на јавноста само за да наштети на Јовановски, но и на угледот на телевизијата, која веќе подолго време е мета на напади и етикетирања од негова страна. Бидејќи одлуката да се прифати финансиската помош на Фондот за здравство ја донесе семејството Караманолеви. Токму поради континуираните напади и неагументирани клеветења, Бојан Јовановски неодамна го повика Божиновски на ТВ дуел на 1ТВ. И покрај прифатената понуда, дебата и вистинско соочување не се случија бидејќи во неделата вечер на контроверзниот Зоран Божиновски му пречеше тоа што Јовановски издвои неколку минути да објасни зошто се појавува пред камерите, па почна да се жали дека не му се отстапува простор за неговите обвинувања, а по кратката расправија, самопрогласениот новинар избега од студиото.

Back To Top