skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Македонија и Италија водат заеднички истраги против меѓународната мафија

Македонија и Италија водат заеднички истраги против меѓународната мафија
  • 12.06.2019

Сите истраги што се водат заеднички со македонските органи на прогонот се тајни, изјави италјанскиот национален обвинител за гонење на мафија и на тероризам, Федерико Кафиеро Де Рахо кој кој денеска учествуваше на конференцијата „Заедничка соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал“ што се одржа во Републичкото јавно обвинителство. Тој ниту потврди ниту демантираше дали леарниците во кои се изработуваа најголемиот дел од скулптурите за проектот „Скопје 2014“ се под истрага на италјанските власти.

„Треба да се нагласи дека сите истраги се тајни, се до моментот кога се бара притвор или има конфискација на имот. Доколку откријам детали, јас би сторил кривично дело“, рече Кафиеро Де Рахо.

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска откри дека Јахи Јахија, кој завчера беше уапсен по налог на ова обвинителство, не е единствениот функционер за кого има истрага за злоупотреба на ИПА-фондовите во државава.

„При претресите во Италија се најдени докази кои ќе служат во постапката против нашите државјани. Во тек се предистражни и истражни постапки и за други функционери за злоупотреба на фондовите“, рече Русковска.

Во рамки на посетата јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и националниот јавен обвинител за гонење на мафија и на тероризам Федерико Кафиеро Де Рахо потпишаа Меморандум за разбирање за заедничка соработка на двете институции. Сепак, рече Јовески, законите и меѓународните договори не сами по себе доволни за борба против транснационалниот организиран криминал.

Италјанскиот обвинител Де Рахо денеска уште информираше дека италијанското министерство за правда подготвува платформа во која ќе има база на податоци која покрај тоа што ќе ја користат италјанските јавни обвинители ќе можат да ја користат и истражните органи на балканските земји меѓу кои е и Македонија.

Искра Опетческа

Back To Top