skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Приведен Стевчо Јакимовски
Како градоначалник Јакимовски легализирал објекти на државата и ги продавал по пет евра квадрат!
Бошковиќ: Договорот меѓу Северна Македонија и Грција доказ дека постојат храбри луѓе во регионот
Венецијанската комисија даде позитивно мислење за Законот за Судскиот совет
Нови авиолинии од Скопје до Баден и Бремен
Славчо Попоски: Следува краткотрајна нестабилност, дожд, грмежи и засилување на ветерот
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Лукаревска во Студио 1: Се дополнува буџетот со околу 25 милиони евра од даноците

Лукаревска во Студио 1: Се дополнува буџетот со околу 25 милиони евра од даноците
  • 09.01.2019

Сања Лукаревска, директор на УЈП беше гостин во Отвореното Студио 1 каде зборуваше за  стартот на прогресивниот данок, реформа со цел да се намали јазот меѓу сиромашните и богатите во земјата.

Во однос на сумираните резултати од претходната година, Лукаревска објасни колку е наполнета државната каса од собраните даноци.

„Можам да кажам дека разговарајќи со колегите во планот на наплата се надминавме. Имаме за 9.5 отсто повеќе собрани даноци во споредба со 2017 година. Сите параметри укажуваат дека имаме натфрлување. Особено кај персоналниот данок, кај ддв и данокот на добивка. Очекуваме 2019 да биде стабилна. Во делот на собирањето секогаш можеме да бидеме подобри“.

Со стартот на 2019 година стапи во сила прогресивниот данок, кој е замена за рамниот. Што значи оваа новина?

„Очекуваме праведно оданочување, оние кои остваруваат помали приходи да плаќаат помали даноци и обратно. Исто е со казните. Станува збор за реформа за враќање на средната класа затоа што прогресивното оданочување е пример кој се спроведува во развиени економии. Апелиравме до даночните обврзници за двостепеното оданочување за тоа да биде праведно“, рече Лукаревска, која истакна дека очекува буџетот да се дополни со 25 милиони евра од даноци.

Во однос на оданочувањето, плаќањето даноци, казните, работата на ујп во насока на полнење на буџетот, зголемување на даночна дисциплина, број на регистрирани граѓани, фискални сметки, реформа за поврат на средства, безготовинско плаќање, намалување на сивата економија, како и прашањата од гледачите, погледнете ги во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top